Средба на министерката Царовска со германскиот амбасадор

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, одржа средба со амбасадорот на Сојузна Република Германија, Н.Е. Томас Герберих. Амбасадорот беше запознаен со реформите во надлежност на министерството, пред се’ во делот на социјалната заштита и мерките за зголемување на вработливоста на младите лица. Царовска се заблагодари за континуираната поддршка од страна на германската влада и доби уверување дека тој процес ќе продолжи и во иднина.