Секторот за внатрешни работи Битола поднесе Извештај до надлежното OJO против шест малолетни лица од кои – две на возраст од 17 години, две на возраст од 13 години, како и две лица од 15, односно 16 годишна возраст – поради постоење на основи на сомнение за сторени вкупно четиринаесет кривични дела – “кражба“, и “тешка кражба“.
Имено, пријавените во 14 наврати, односно случаи, при тоа во различен состав од лица, во периодот од 11.04 до 14.08. годинава низ повеќе локации во Битола – централното градско подрачје, населба Нова Битола, на влезот во Битола, од пред куќи, визби, влезови на згради, одземале разни марки моторцикли-скутери: “ЈИЈИНГ“, “Априлија СР50“, “Гарели“,“Yamaha“ YZ450, велосипед марка Specialized, сопственост на граѓани од Битола. Кражбите ги вршеле групно на начин што со употреба на погоден алат ја отстранувале препреката, доаѓале до моторциклите и со туркање ги одземале истите. Пријавените со превземените дејствија предизвикале вкупна материјална штета од 904.000 денари.