Во НЛБ Банка на 30-ти октомври свечено се отвори изложбата на детски цртежи на тема штедење и истражување. Изложбата ја отворија Антонио Аргир – Претседател на Управниот одбор на Банката и македонската уметница Анкица Влашиќ-Гроздоска.
Како поддржувач на уметноста и науката, НЛБ Банка, по повод НЛБ Месецот на штедење, традиционално, по шести пат, организира изложба на детски цртежи на тема штедење и истражување. Цртежите се собираа преку организирани забавно – едукативни посети на повеќе училишта и градинки во Македонија и во самите експозитури на Банката. Почетокот на активностите за собирање на цртежите беше означен со НЛБ Ден, на 25 септември, кој беше организиран во Дирекцијата на Банката. Децата во период од 1 месец, односно до 25 октомври, имаа можност да донесат цртежи кои беа објавувани на посебната веб страна http://stedenje.nlb.mk на која се гласаше за најдобар цртеж.
Во текот на НЛБ Месецот на штедење беа собрани околу 1.700 цртежи. Цртежите беа разгледувани од комисија составена од ренoмираните македонски уметници: Сергеј Андреевски, Константин Качев, Христијан Санев и Анкица Влашиќ- Гроздоска кои ги издвоија најдобрите цртежи. Покрај наградените цртежи од страна на стручната комисија, награди беа доделени и на цртежите кои освоија најголем број на гласови преку веб страницата на Банката.ајдобрите цртежи на отвoрањето на изложбата беа наградени со парична награда и пофалници, а притоа беа доделени и благодарници на сите училишта и градинки кои учествуваа во активностите за Месецот на штедење..
Изложбата ќе биде отворена до 25-ти ноември, секој работен ден од 08.00 до 20.00 часот.