Горивата поскапуваат за еден денар

Според најновата Одлука на Регулаторната комисија за енергетика на Македонија, од вечерва по полноќ малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 1,81%.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,00 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 16.10.2017 година, и со тоа малопродажните цени на: ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 64,00 ден/лит, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 52,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 40,50 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемува за 0,50 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 16.10.2017 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 65,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,508 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 16.10.2017 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 26,795 ден/кг.