Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „пустошење шуми“, „кражба“ и „загрозување на сигурноста“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Ѓ.(36) од Охрид.
Пријавениот, во текот на август оваа година, во атарот на охридските села Плаќе и Речица, со моторна пила неовластено извршил бесправна сеча, односно без одобрение за сеча соборил 4 метри просторни буково огревно дрво кое, на повеќе наврати го натоварил во патничко моторно возило „Застава 101-скала 55“ и го пренесол во својот дом на улицата ,,Абас Емин” во Охрид. При транспортот, пријавениот бил забележан од шумочуварот кој му дал визуелен знак да го сопре автомобилот. Во тој момент, М.Ѓ. ја зголемил брзината и во обид да го прегази директно се упатил кон шумочуварот. На 6-ти овој месец, при извршен претрес во домот на пријавениот, полициски службеници и шумски полицајци ја пронајдоа бесправно одземената дрвна маса без жиг и соодветна документација.