На 3ти Ноември во 19 часот , во Домот на Културата на Кавадарци, ќе се одржи МФФ-Младински Филмски Фестивал. МФФ е проект изработен од младите во Кавадарци и подржан од програмата “ImpACT” и УСАИД.
Целта на фестивалот е да се покажат и презентираат кратки филмови изработени од млади надежни македонски режисери. Во Македонија годишно се изработуваат многу краткометражни филмови од кои голем број се на студенти, но тие остануваат снеоткриени од пошироката публика во нашата земја. Токму поради тие причини се одржува оваа мала проекција на 8 кратки македонски филмови.
На фестивалот ќе се прикажуваат следниве филмови: Долорес од Радован Петровиќ, Зелени ѕидови, црна храна на Сандра Ѓорѓиевска, Уште едно кафе и Ќе бидеш жена наскоро на Ѓорѓи Лазов, Збогум на Пеце Здравковски, Аудиција на Лавинија Софрониевска, Среќниот ден на Лаки на Викторија Витанова и Ѕвонче на Димитар Јанкоски.
* Проектот е на иницијатива на група млади од Кавадраци во соработка со Младинската Асоцијација КРЕАКТИВ, преку проектот “impACT”, имплемнтиран од Democracy Lab со порддршка на Проектот на УСАИД за Граѓанско учество.