Свесни за значењето на основните урбанистички услуги како основа за севкупниот општествен и економски развој, Генералното собрание на Обединетите нации со резолуцијата 68/239 од 27 декември 2013 година, го назначи 31 Октомври како Светски ден на градовите, кој започна да се одбележува во 2014 година.
Планираната урбанизација драстично го зголемува капацитетот на градовите за да се генерираат вработувањето и благосостојбата, и да се поттикне различноста и социјалната кохезија меѓу различните класи, култури, етнички групи и религии. Градовите создадени со цел да се живее заедно создаваат можности, овозможуваат поврзување и интеракција, како и олеснување на одржливо користење на заеднички ресурси.
Општата тема на Светскиот ден на градот е подобар град, подобар живот, додека секоја година се избира друга под-тема, за да се промовираат успесите на урбанизацијата или пак да се адресираат специфичните предизвици што произлегуваат од урбанизацијата.
Оваа година, Обединетите Нации ја избра темата: „Иновативно управување, Отворени градови“ за да ја потенцираат важната улога на урбанизацијата како извор на глобален развој и социјално вклучување.
WebOhrid