Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, по повод 23 Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба, оствари средба со потомци на истакнати личности кои биле дел од македонската национална борба. Претседателот Иванов им го честиташе државниот празник на присутните соговорници, истакнувајќи го придонесот на знајните и незнајните македонски револуционери и национални борци и нивното значење за формирањето на слободна македонска држава. На средбата претседателот Иванов рече дека е наша должност никогаш да не се заборави улогата на македонските национални дејци и нивниот придонес за слободна и независна Македонија.
повеќе...Category: Македонија
Одбележан „Денот на македонската револуционерна борба – 23 октомври“
Делегација на Владата на Република Македонија на чело со министерот за култура Роберт Алаѓозовски, во придружба на министерот без ресор задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија Зоран Шапуриќ, заменик министерот за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски, и заменик министерот за локална самоуправа Дејан Павлески, по повод празникот „Ден на македонската револуционерна борба – 23 октомври“, денеска положи венци со свежо цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во Градски Парк во Скопје. Венци со свежо цвеќе на споменикот на Гоце Делчев положија и делегации на…
повеќе...Претседателот Иванов со честитка по повод 23 Октомври, Денот на Mакедонската револуционерна борба
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, по повод одбележувањето на државниот празник 23 Октомври – Денот на Mакедонската револуционерна борба, упати честитка до граѓаните на Република Македонија. „Почитувани граѓани на Република Македонија, Одбележувањето на празникот на македонската револуционерна борба е симбол на долговековниот непокор и борба на македонскиот народ за слобода, државност и независност. Корените на македонската револуционерна борба започнуваат со формирањето на Македонската револуционерна организација, на 23 Октомври 1893 година, кога шестемина македонски дејци ги обедини една визија за исполнување на вековниот сон – слободна Македонија. Патот до…
повеќе...Преподобен Теофил Струмички
Денес е празник посветен на Преподобен Теофил Струмички. По потекло тој е Македонец од околината на Струмица. Се замонаши како млад и основа свој манастир. Многу пострада за иконите во времето на Лав Исавријанин и во таа прилика ќе загинеше, ако не успееше да го убеди кнезот Ипатик, својот судија, во основаноста на иконопочитувањето. Кнезот го пушти на слобода и тој се врати во својот манастир, каде што се упокои мирно, во 716 година и се пресели во радоста на својот Господ.
повеќе...23 Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба
Денот на македонската револуционерна борба или Ден на револуционерната борба е државен празник кој се празнува на 23-ти Октомври во Македонија. Празникот се празнува од 2007 година кога беше донесен и изгласан новиот закон за државни празници. Овој ден е неработен. Празникот се празнува по повод формирањето на македонската револуционерна организација во Солун. Имено, на 23 Октомври 1893 година во куќата на солунскиот книжар Иван Хаџи Николов во Солун се собрале шестмина млади мажи за да ги ставаат основите на тоа, коешто ќе стане симбол и знаме на борбите на…
повеќе...Министерот Алаѓозовски во Нови Сад се запозна детално со иницијативата за отворање на Македонски културен центар
За време на престојот во Република Србија, министерот за култура на Република Македонија го посети Нови Сад и се сретна со локални претставници на иницијативата за отворање македонски културен центар. По сребата со претставниците на иницијативата за отворање на Македонски културен центар во Нови Сад, министерот Алаѓозовски го разгледа поранешниот простор на издавачката куќа „Прометеј“ во сопственост на Матица српска, каде што би бил сместен центарот според предлогот на иницијаторите. Притоа, министерот Алаѓозовски разговараше и со претставници на Матица српска, со новосадските уметници и направи детален увид на расположливите простории,…
повеќе...Владата на Македонија ќе го одбележи празникот „Ден на македонската револуционерна борба – 23 Октомври“
Делегација на Владата на Република Македонија предводена од министерот за култура, Роберт Алаѓозовски во придружба на министерот за економија, Крешник Бектеши, министерот без ресор задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми, министерот без ресор задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија, Зоран Шапуриќ и заменик министерот за локална самоуправа Дејан Павлески, по повод Денот на македонската револуционерна борба – 23 октомври, во понеделник (23.10.2017), во 10:30 часот, ќе положи венци со свежо цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во Градскиот Парк во Скопје.
повеќе...Обраќање на претседателот на Владата на Македонија, Зоран Заев на манифестацијата Тортијада
Почитуван претседателе на „Мобилност“ Македонија, Почитувани членови на извршните тела на „Мобилност“ Македонија, Почитувани пријатели, мои другари, Навистина ми е задоволство што, не знам веќе и јас по кој пат, еве сум овде на традиционалната Тортијада којашто се организира во Банско. Верувам дека бројката беше едноцифрена кога првпат присуствував овде, а еве сега сме на 20-та Тортијада, затоа што си ветивме дека без разлика каде нè носи патот во нашиот живот, остануваме заедно да го споделуваме задоволството од она што претставува традиција, од она што претставува вредност преку дружењето, да…
повеќе...Кривична пријава за „криумчарење мигранти“
На 21.10.2017 година околу 20.45 часот на Граничен премин „Богородица“, полициски службеници во содејство со царински службеници, при контрола на товарно возило „Рено“ со бугарски регистарски ознаки, управувано од С.А. (45) од Република Грција, откриле група од 13 илегални мигранти од Ирак. Мигрантите биле пронајдени во специјално направен бункер во предниот дел од приколката, веднаш зад кабината од возилото. Регионалниот центар за гранични работи Југ при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал Скопје, поднесе кривична пријава против С.А. поради постоење основи на сомнение за…
повеќе...Расчистени случаи на кражби во моторни возила
СВР Скопје,до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе Писмено известување за А.В. (19) од Кавадарци и Р.М. (17) од Скопје поради постоење онови на сомнение за сторени 59 кривични дела, од кои 16 се кривични дела „тешка кражба“, 42 се кривични дела „тешкa кражбa во обид“ во моторни возила и едно е кривично дело „одземање на моторно возило“, и против Е.Х. (24) поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „прикривање“. Од 01.40 часот на 30.05.2017 до 04.00 часот на 31.05.2017 година на ул. „Антон Попов“ во општина Кисела…
повеќе...