Информативни сесии за Годишниот конкурс за финансирање на проекти од национален интерес во културата за 2018

Министерството за култура на Република Македонија ја информира јавноста и сите потенцијални апликанти на Конкурсот за финансирање на проекти од национален интерес во културата за 2018 дека ќе организира информативни сесии, со цел сите заинтересирани да се запознаат подобро со целите и приоритетите на конкурсот и да ги дознаат сите информации, кои им се потребни за подготвување на поуспешна апликација. Информативните сесии ќе се одржуваат по следниов распоред: –Првата информативна сесија ќе се одржи на 25.10.2017 (среда) со почеток во 15 часот, во Мултимедијалниот центар „Мала Станица“ во Скопје на Националната галерија на Македонија (седум паралелни…

повеќе...

Премиерот Заев со министерката Царовска на формирањето Интер-ресорска група за еднакви можности

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, заедно со министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, денеска присуствуваше на Конститутивната седница на Интер-ресорската советодавно консултативна група за еднакви можности на жените и мажите. „Рековме и еве веќе воспоставуваме посебно тело за родова рамноправност, кое ќе се грижи за имплементација на родовите перспективи во креирањето на политиките и буџетите. Тоа ќе го направите вие денеска, благодарам за брзата реакција и ви пожелувам успешна работа“, рече во обраќањето до присутните, премиерот Зоран Заев. Ова тело се формира по донесена одлука…

повеќе...

ДИК ги одби сите приговори за изборите

Државната изборна комисија (ДИК) ги одби сите поднесени приговори поднесени за првиот круг од Локалните избори што се одржаа во неделата. До ДИК беа поднесени вкупно 46 приговори од кои 43 имаше поднесено ВМРО-ДПМНЕ, но пред почетокот на вчерашната седница беа повлечени три и еден во текот на седницата. По еден приговор поднесоа и ТМРО, Алијансата на Албанците и Левица. Против одлуката на ДИК може да се поднесе тужба до Управниот суд, во рок од 24 часа од приемот на решението, а Управниот суд, пак, по приемот на жалбата, должен…

повеќе...

Ди Александер, Марио Ром’с Интерзоун и Орландо Џулиус & Хелиоцентрикс вечерва на Скопскиот џез фестивал

Вечерва на програмата на Скопскиот џез фестивал три концерти: Во Македонската опера и балет ќе настапат популарната американска џез пејачка Ди Александер и возбудливото австриско трио Марио Ром’с Интерзоун, додека на полноќниот концерт во Дансинг – салата на Младинскиот културен центар во Скопје ќе настапи познатиот нигериски саксофонист Орландо Џулиус со Хелиоцентрикс. Ди Александер е една од најталентираните и најпочитуваните вокалистки од Чикаго и истовремено вистински бисер во недолгата листа на денес најдобрите џез-пејачки во светот. Нејзините таленти се протегаат на секој музички жанр, но сепак, срцето и душата на…

повеќе...

Македонските преработки од зеленчук и овошје беа дел од светскиот саем „Ануга 2017 “ во Германија

Македонските производители и извозници на преработки од земјоделски производи, од 7-ми до 11 –ти октомври годинава, учествуваа на најголемиот светски саем за храна „Ануга 2017“, во Келн, Германија. Со поддршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Македонија на овој саем имаше свој штанд со вкупна површина од 129 м2, каде што македонски компании од областа на земјоделство имаа можност да ги изложат своите производи. На саемот имаше и претстваник од МЗШВ, со цел за следење на промотивните активности на другите држави и позитивните странски искуства, кои во иднина би…

повеќе...

Конкурс за доделување 80 стипендии за ученици – деца без родители од јавните и приватните средни училишта за учебната 2017/2018

Врз основа на член 55 став 1 од Законот за организација и работа на органите на државната управата („Службен весник на Република Македонија” бр.58/00, 44/02, 82/08, 167/10 и 51/11), член 54 од Законот за ученичкиот стандард („Службен весник на Република Македонија” бр. 52/05, 117/08, 17/11, 135/11, 15/13, 41/14, 146/15и 30/16) и Решение за распишување Конкурс за доделување 80 (осумдесет) стипендии за ученици – деца без родители од јавните и приватните средни училишта во Република Македонија за учебната 2017/2018 година, Министерството за образование и наука распишува КОНКУРС за доделување 80 (осумдесет)…

повеќе...

Нова кампања на РСБСП и РК Вардар „Добредојдовте во земјата на шампионите – Вози Одговорно“!

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и европскиот ракометен првак „Вардар“, преку заедничка соработка, во наредниот период ќе ја реализираат кампањата „Добредојдовте во земјата на шампионите – Вози одговорно“! Кампањата ќе промовира внимателно и одговорно учество во сообраќајот, ќе едуцира за важноста од почитување на сообраќајните правила и прописи. Со оваа кампања, ракометниот клуб Вардар, како општествено одговорен бренд ќе даде придонес за подигнување на сообраќајната култура кај сите учесници во сообраќајот. Кампањата „Добредојдовте во земјата на шампионите – #Вози одговорно“ со јавноста ќе комуницира и преку слоганите:…

повеќе...

Полицијата трага по непознат сторител кој физички нападнал стружанец

Полициската станица од Струга презема мерки за пронаоѓање на засега непознат сторител, кој синоќа околу 22 часот пред угостителски објект во Струга извршил физички напад врз В.Ј. (32) од Струга. Физичкиот напад е случен пред угостителски објект на улицата „Боро Хаџиески“ во Струга каде, засега непознатиот, пристигнал со патнички автомобил и од кафе барот го повикал В.Ј. надвор да поразговараат. Тука, во еден момент од меѓусебната комуникација, засега непознатиот сторител, физички го нападнал В.Ј. задавајќи му два удари со тупаници во пределот на главата по што, со брзање избегал со…

повеќе...

Унапредување на соработката со националниот координативен центар за гранично управување

Директорот на Царинската управаЃоко Танасоски, одржа состанок со Владимир Пивоваров, национален координатор на Националниот координативен центар за гранично управување (НКЦГУ), тело на Владата на Република Македонија задолжено за координација и соработка со институциите и телата кои имаат надлежност на државната граница. На состанокот што се одржа денес (19.10.2017 година), во просториите на Царинска управа, присутните подетално се запознаа со идните планови за работа и развој на НКЦГУ и изразија подготвеност за спроведување на заложбите на ЕУ за целосно воспоставување на системот на координација и соработка помеѓу институциите надлежни за контрола…

повеќе...

Под мотото „Сите дишеме (ч)ист воздух” се одржа првата работна средба на ИРГ

Со презентации на најновите истражувања и анализи направени од различни релевантни субјекти во државата започна првата работна средба на новоконституираната Интерсекторска работна група (ИРГ) за следење на квалитетот на воздухот. „Да се дијагностицираат причините, состојбите и областите каде треба да се преземат соодветни мерки и на таа основа да се дефинира правецот на политиките се императив на работењето на ИРГ“- истакна заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули во воведното обраќање. Тој додаде дека во постигнувањето на тие цели ќе се вложат дополнителни напори за воспоставување на…

повеќе...