Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Д.Б.(52) од с.Ново Лагово, Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела “разбојништво“ и “напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. Пријавениот на 18.10.2017 година во Прилеп во аптека со закана со нож побарал од вработениот да му даде седативи, но вработениот повикал полиција. После пристигнувањето на полициските службеници, пријавениот им упатил закани и давал отпор, замавнувајќи со нож кон полициските службеници.
повеќе...Category: Македонија
Светата великомаченичка Злата Мегленска
Денес е празник посветен на Светата великомаченичка Злата Мегленска. Родена е во селото Слатина, во Мегленската област, од сиромашни селски родители, коишто имаа уште три ќерки. Света Злата беше кротка и побожна девојка, мудра со Христовата мудрост и златна не само по име туку и по богобојазливото срце. Еднаш кога излезе по вода, ја фатија некои бесрамни Турци и ја одвлекоа во својата куќа. Кога еден од нив ѝ нудеше да се потурчи и да му биде жена, таа храбро му одговори: „Јас во Христа верувам, само за Него знам…
повеќе...Е-даноци во прекин – рокот за поднесување на ДДВ-04 пријава ќе биде продолжен
Поради технички проблеми и отежнато поднесување на даночни пријави преку системот е-Даноци, се известуваат даночните обврзници и сметководителите дека рокот (25.10.2017 година) за поднесување на ДДВ-04 пријавата ќе биде продолжен. Во моментот кога ќе се отстранат техничките пречки во ИТ системите, Управата за јавни приходи дополнително ќе информира за достапноста на системот е-Даноци и за продолжување на рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавата.
повеќе...Нов културен бран: Изложба „Јазикот на ѕидот“ во Стариот амам во Тетово
Изложбата „Јазикот на ѕидот“ на Страхил Петровски и Ивона Тричковска, поддржана од Министерството за култура на РМ преку Манифестацијата „Нов културен бран“, ќе биде отворена утре во 19 часот, во Уметничката галерија во Тетово. Изложбата претставува просторна инсталација инспирирана од т.н. улична уметност, со која ќе се преобликува галерискиот простор на историскиот објект на Стариот амам во Тетово во еден модерен, урбан контекст, преку апликација на калиграфски знаци – графити -мурали. Во дадениот контекст, со претходно насликаните калиграфски знаци – графити – мурали на платно од страна на авторите на…
повеќе...Иванов-Туск: Потребна e позитивна порака за деблокада на македонската интеграција во ЕУ
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска во Брисел оствари средба со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск на која побара нов импулс и испраќање позитивна порака во насока на деблокада на интеграцијата на Македонија во Европската унија и почеток на пристапните преговори за членство. Во фокусот на средбата со Туск беше европската иднина на Македонија и се она што го прави земјата за конечно да добие датум за почеток на преговорите, но и состојбата во регионот и во ЕУ, како и прашањето со мигрантската криза што го тресе…
повеќе...Од денес до 3ти ноември вакцинација на лисиците против беснило
Агенцијата за храна и ветеринарство денес почнува со реализација на есенската кампања за вакцинација на лисиците против беснило со авионско фрлање на вакцинални мамки од аеродромите во Скопје и во Штип. Со техничка и финансиска поддршка од Европската Унија, заклучно со 3 ноември годинава, на територијата на цела држава ќе бидат фрлени 500 илјади мамки. Вакцинацијата има за цел прекинување на пренесување на вирусот на беснило од едно на друго животно и негово елиминирање од носителите, односно од таканаречените резервоари. „Апелираме до граѓаните во наредниве денови исклучително внимателно да се…
повеќе...Директорот на Царинска управа и министерот Шапуриќ одржаа состанок со домашните компании
Директорот на Царинската управа, Ѓоко Танасоски, заедно со министерот без ресор, Зоран Шапуриќ, задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните компании, денес (25.10.2017 година) во Царинската управа одржаа работен состанок со претставници на околу 15 домашни компании. На состанокот присутни беа претставници и од други државни институции, како што се: Министерството за економија, Министерството за животна средина, Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи. Целта на состанокот беше да се споделат мислења и заеднички да се пронајдат најсоодветните решенија за проблемите и потребите на домашните компании.…
повеќе...Заменик- министерот Максути го отвори состанокот на Директорите за одбранбена политика на САД-Јадранската повелба
Денеска во Скопје, заменик-министерот за одбрана, Беким Максути го отвори состанокот на Директорите за одбранбена политика на земјите-членки и земјите-набљудувачи на САД- Јадранската повелба во А-5 формат. На состанокот присуствуваат Директори за одбранбена политика на Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора, Србија, Словенија, Косово и Соединетите Американски Држави. „Водени од нашите аспирации да бидеме дел од големото евро-атлантско семејство, НАТО-Алијансата, ние имаме обврска да направиме напори за уште поголема и подлабока соработка во областа на одбраната“, рече заменик-министерот Максути на состанокот. Порача дека заедничкиот успех и промовирањето на…
повеќе...Финални подготовки на ЕУ и ФАО за селекција на подрачјата за консолидација на земјоделското земјиште
Проектот „MAINLAND“, финансиран од Европската Унијаја ja одржа првата обука на тема “Како да се идентификуваат и селектираат најпогодните области за консолидација на земјоделско земјиште”. Обуката се одржува во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) во Скопје. Денеска околу 30 претставници на различни сектори и подрачни единици на МЗШВ, како и советници од Националната агенција за развој и поттикнување на земјоделството (АПРЗ) ќе бидат обучени да ја применат постапката за избор на области за консолидација на земјоделско земјиште. По обуката, учесниците ќе имаат поголемо разбирање за тоа како да…
повеќе...Министерката Дескоска ја потпиша Декларацијата за намери за основање на Меѓународен институт на Југоисточна Европа за одржливи технологии
Владата на Република Македонија одлучи официјално да ја поддржи иницијативата за основање на Меѓународниот институт на Југоисточна Европа за одржливи технологии со мисија „Наука за мир”, институт кој ќе работи според “ЦЕРН моделот”. Министерката за образование и наука проф. д-р Рената Дескоска, денеска во Женева, ја потпиша Декларацијата за намери за основање на Меѓународен институт на Југоисточна Европа за одржливи технологии, проект кој е единствен од ваков вид во регионот и ја има добиено својата поддршка од ОН, УНЕСКО и од ЦЕРН. Според министерката Дескоска, главна цел на проектот е…
повеќе...