Кривична за лицето кое со нож се обиде да нападне вработен во аптека во Струга

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „разбојништво“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Б.Д.(52) од прилепското село Ново Лагово. Тој, казнените дела ги сторил на 18-ти овој месец во 09 часот и 15 минути пред аптека на улицата „Маршал Тито“ во Струга. Тука го забележал вработениот во аптеката и видно агресивно, со нож во рацете и со закани по неговиот живот, побарал да му даде седативи. Вработениот успеал да се сокрие во аптеката и настанот…

повеќе...

Кривична за прилепчанец кој со нож се обиде да земе седативи од аптека во Струга

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Д.Б.(52) од с.Ново Лагово, Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела “разбојништво“ и “напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. Пријавениот на 18.10.2017 година во Прилеп во аптека со закана со нож побарал од вработениот да му даде седативи, но вработениот повикал полиција. После пристигнувањето на полициските службеници, пријавениот им упатил закани и давал отпор, замавнувајќи со нож кон полициските службеници.

повеќе...

Ограбена аптека во Охрид

Вчера околу 12,00 часот во Охрид на ул.„Никола Карев“, во аптека „Унафарм“, непознат сторител држејќи нож во рака, извршил разбојништво над вработената при што одзел 3.000 денари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

повеќе...

ПЗУ „Никодам-Медика“ – Велгошти

ПЗУ „НИКОДАМ-МЕДИКА“ е лоцирана на улица „Илинденска“ бр.96, во Велгошти – Охрид. Амбулантата по општа медицина работи со матичен лекар, а за своите пациенти врши бесплатни здравствени прегледи, совети за здравје, ЕКГ, мерење на шеќер во крвта, инхалации, интрамускулни и интравенски инјекции, земање крв за анализа и други здравствени услуги. Во рамки на амбулантата, отворена e и аптека, која работи секој работен ден (понеделник-петок) од 10:00 до 18:00 часот, а во сабота од 10:00 до 15:00 часот. Амбулантата има склучено договор со Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ). Работно…

повеќе...

Започна со работа ПЗУ „Никодам-Медика“ Велгошти

Започна со работа ПЗУ „НИКОДАМ-МЕДИКА“, лоцирана на ул. „Илинденска“ бр.96, во село Велгошти Охрид. Амбулантата по општа медицина работи со матичен лекар, а за своите пациенти врши бесплатни здравствени прегледи, совети за здравје, ЕКГ, мерење на шеќер во крвта, инхалации, интрамускулни и интравенски инјекции, земање крв за анализа и други здравствени услуги. Во рамки на амбулантата, отворена e и аптека, која работи секој работен ден (понеделник-петок) од 10:00 до 18:00 часот, а во сабота од 10:00 до 15:00 часот. Амбулантата има склучено договор со Фондот за здравствено осигурување на Македонија…

повеќе...

Нова 21 аптека низ Македонија

Фондот за здравствено осигурување вчера потпиша договор со нови аптеки, аптекарски станици и подвижни аптеки, вкупно 21, на територијата на Република Македонија. За сите нови договoрни партнери, утврдени се квоти кои почнуваат да важат од 1 јули оваа година. Од новите потпишани договори, 5 се подвижни аптеки, чија цел е снабдување со лекови во рурални средини, со најмалку еден здравствен работник, фармацевтски техничар. Новите 5 подвижни аптеки се за следниве подрачја: село Врапчиште – Гостивар (покрива 29 населени места); село Ростуше, општина Маврово (покрива 64 населени места); село Могила, општина Могила (покрива…

повеќе...

Наскоро електронски наместо хартиен рецепт

Од 15 мај почнува воведувањето на електронски рецепт во здравствениот систем, прво како пилот-проект, а од почетокот на јуни ќе се спроведува на цела територија на Македонија. Овој период од 15 мај ќе се искористи за целосно довнесување на сите податоци и тестирање на околината и ќе трае 15 дена. Ова денеска на прес-конференција го истакна министерот за здравство Никола Тодоров кој рече дека со електронскиот рецепт се постигнува брзо, ефикасно и безбедно издавање на лекови, поедноставување на постапката за креирање и реализација на рецепти, генерирање на извештајот со добиени…

повеќе...

51 аптека ќе бидат отворени во рурални средини

Педесет и една аптека ќе бидат отворени во рурални средини и во поголеми населени места низ државата. Бенефит од ова ќе имаат околу 100 илјади граѓани во Македонија. Ова денеска на прес-конференција го истакна министерот за здравство Никола Тодоров, кој рече дека целта е да им се излезе во пресрет на граѓаните кои живеат во руралните области каде досега воопшто немало аптека или немало аптека која има договор со Фондот за здравствено осигурување на Македонија. Поради ова, посочи министерот, поголем број граѓани морале да патуваат по неколку десетици километри за…

повеќе...