Среде ноќ се разбудила жената и му вика на мажот: – Леле мажу, каков кошмар! Се преплашив! Знаеш, кога бев мала, кога се плашев од темница и кога ми беше ладно, мама секогаш ќе ме гушнеше, ќе ме покриеше и ќе ме бакнеше! А мажот и вели: – Па ти не си нормална! Зар во ова време да те носам кај мајка ти!?!
повеќе...Category: Виц
Виц
Пепелашка остарела, принцот умрел, и така таа си седела сама во дворот и си го галела мачорот. Изненадно се појавила Вилата и ја прашала Пепелашка: – Дали имаш некоја желба? Пепелашка: – Па, да. Сакам повторно да бидам млада, а покрај мене да стои згоден принц! Речено-сторено! Вилата замавнала со стапчето и Пепелашка се претворила во млада убава девојка, а мачорот во згоден принц. Тогаш принцот ја прашал Пепелашка: – Дали сега ќе ти биде жал за тоа што ме кастрираше?
повеќе...Виц
Влегува билдер во автобус, а шоферот му вели: – Карта? Билдерот: – Силниот Јовче никогаш не плаќа карта! Следното утро шоферот повторно: – Карта? Билдерот: – Силниот Јовче никогаш не плаќа карта! Еден ден шоферот бил изнервиран и прашува: – Карта? Билдерот: – Силниот Јовче никогаш не плаќа карта! На шоферот му пукнал филмот и почнал да вика: – А зошто Јовче никогаш не плаќа карта?!? Билдерот: – Затоа што Силниот Јовче има месечна!!!
повеќе...Виц
Две пријателки решиле да одат во дискотека. Лудувале цела вечер и кога си оделе накај дома, бидејќи било многу доцна, решиле да скратат и да поминат низ гробиштата. Додека поминувале низ гробишта, црна темница, се преплашиле од што и да шушнело, па и двете се покакале од страв… Едната ги фрлила гаќите, а другата дофатила некој венец и скинала парче за да се избрише… Другиот ден се сретнале нивните мажи и разговараат: – Изгледа жените сношти ни беа на швалерај! Ене мојана се врати без гаќи! Другиот му вели: –…
повеќе...Виц
Си доаѓа жената дома, целата жива вода, па му вели на мажот: – Драги, мислам дека карбураторот ми се наполни со вода! – Леле жено, па дали ти знаеш воопшто каде се наоѓа карбураторот? – Па знам, во колата! – А каде е колата? – Во езерото!
повеќе...Виц
Разговараат двајца пријатели: – Леле, не можам да спијам, должам на десет места! – Не знам за тебе, ама јас откако зедов кредит спијам како бебе! – му вели вториот. – Како можеш човеку?! – Па така, се будам на секој саат и плачам!!!
повеќе...Виц
Се договарале цариниците што да му купат на нивниот колега за роденден, па почнале да предложуваат: – Да му купиме кожна гарнитура? – Малку е! – Да му купиме кола? – Малку е! – Да му купиме стан? – Малку е! – А да го пуштиме да одработи сам цела смена? – Многу е!
повеќе...Виц
Летајќи среде ноќ еден пилот решил малку да се пошегува со контролорот на аеродром. Се јавил до аеродромот и рекол: – Погодете кој е? Контролорот ги исклучил светлата на аеродромот и му рекол: – Ај ти погоди каде сме ние!!!
повеќе...Виц
Еден доктор му препишал вијагра на неговиот пациент. Но, наместо да зема по едно апче пациентот се решил да го испие целото пакетче наеднаш… По два дена докторот го среќава синот од пациентот и го прашува: – Каде е татко ти? Не го имам видено откако му ги препишав апчињата! Како е, има нешто ново? – Па, како да ти кажам докторе? Мама умре, дада е трудна, мене ме боли газево, а тато ко луд трча низ куќа и вика: мац, мац!!!
повеќе...Виц
Влегува еден наркоман во црква и му вели на свештеникот: – Кај си бе нинџа! Гајбава ти е кул еј, само постериве ти се стари и излижани!
повеќе...