Виц

Четворица пријатели се сретнале после долго време. По неколку коктели едниот од нив отишол во WC, додека пак другите почнале да зборуваат за своите синови. Првиот: Мојот син е мојата гордост. Почна да работи за една успешна компанија. Студираше економија и менаџмент и за брзо време изгради кариера, па сега е претседател на компанијата. Толку се збогати што пред една недела на најдобриот другар му купи нов мерцедес за роденден! Вториот: Тоа е одлично. И јас се гордеам со мојот син. Тој се вработи во една авио-компанија, па во меѓувреме…

повеќе...

Виц

Една жена го викнала љубовникот дома кај неа, додека мажот и бил на работа. Нејзиниот 10-годишен син дошол изненадно дома, ги видел и се сокрил во плакарот. Мажот и, исто така порано се вратил од на работа. Таа набрзина го ставила љубовникот во плакар, не знаејќи дека синот е внатре. Детето: Темно е овде! Љубовникот: Да, темно е! Детето: Имам топка за фудбал! Љубовникот: Убаво… Детето: Сакаш да ја купиш? Љубовникот: Не, фала! Детето: Тато е надвор! Љубовникот: Добро, колку? Детето: 250 евра! После некој ден, детето и љубовникот повторно…

повеќе...

Виц

Двајца лудаци си купиле коњи, но не знаеле како да ги разликуваат. Се одлучиле на едниот да му отсечат едно уво, но првата ноќ, коњот со едно уво му одгризал уво на другиот коњ за да бидат исти. Кога се разбудиле лудаците, што ќе видат, двата коњи со по едно уво. На едниот коњ му го отсекле и другото уво, но следната ноќ повторно љубоморниот коњ му го одгризал и другото уво. Следниот ден лудаците повторно не можеле да ги разликуваат коњите, па му ја отсекле опашката на едниот коњ,…

повеќе...

Виц

Жената го пратила мажот и на продавница, кој бил компјутерски програмер и му вели: – Оди да ми купиш маргарин, а ако има јајца, купи ми 10! Се враќа мажот од продавница и носи 10 маргарини… – Жено, еве 10 маргарини, имаше јајца!!!

повеќе...

Виц

Влегува Рамче кај докторот во ординација: – Докторе, имам голем проблем со жена ми! – Каков проблем? – Сексуален докторе! – Како тоа сексуален? – Сега ќе видиш докторе! Отишол Рамче по жена му, ја донесол кај докторот, скокнал врз неа, еднаш… двапати, па одморил малку и пак скокнал, и така завршиле работа, па легнале на креветот во ординацијата, запалиле по едно цигаре… Докторот зачуден: – Па, добро бе Рамче, каков е твојот проблем? – А бре докторе, па немаме куќа!

повеќе...

Виц

Се шетаат двајца студенти по улица. – Кај сакаш да одиме, на кафе или на предавање? – прашал првиот. – Штознам, ајде да фрламе паричка, ако остане во воздух, ќе одиме на предавање!

повеќе...

Виц

Влегол човек во продавница за резервни делови: – Добар ден! Дали може да добијам акумулатор за југо? – Секако, тоа би било одлична трампа!

повеќе...

Виц

Една баба отишла да продава јаболка на пазар и почнала да вика: – Ајде, радиоактивни јаболка, ајде! Тазе се од Фукушима, ајдеее!!! И приоѓа еден човек и ја прашува: – Бабо, ти да не си луда!?! Зошто спомнуваш радиоактивни, Фукушима, па кој ќе сака да ти купи од тие јаболка? – Ааа, бабе, купуваат, купуваат! Некој за зетот, некој за свекрвата, некој за снаата… купуваат, купуваат!!!

повеќе...

Виц

Некој човек се возел со такси. Таксистот на првиот семафор поминал на црвено, на вториот исто така поминал на црвено… На третиот семафор било зелено, а таксистот веднаш запрел. Човекот збунет прашал: – Добро, човеку, кога веќе помина на два семафори на црвено, зошто застана на третиот кога е зелено? – Остај ти зелено! Може да налета некој луд таксист!!!

повеќе...

Виц

Во чекалната пред вратата од психијатарот чекаат тројца лудаци. Првиот: – Јас сум Исус Христос, мене ме пушти Бог за да го спасам светот! Вториот: – Не е точно! Јас сум Исус Христос, мене ме прати Бог за да го спасам светот! Третиот: – Дечки, ајде престанете да лажете, многу добро знам кого го испратив. Вас сигурно не!

повеќе...