Виц

Една жена го викнала љубовникот дома кај неа, додека мажот и бил на работа. Нејзиниот 10-годишен син дошол изненадно дома, ги видел и се сокрил во плакарот. Мажот и, исто така порано се вратил од на работа. Таа набрзина го ставила љубовникот во плакар, не знаејќи дека синот е внатре.

Детето: Темно е овде!

Љубовникот: Да, темно е!

Детето: Имам топка за фудбал!

Љубовникот: Убаво…

Детето: Сакаш да ја купиш?

Љубовникот: Не, фала!

Детето: Тато е надвор!

Љубовникот: Добро, колку?

Детето: 250 евра!

После некој ден, детето и љубовникот повторно се нашле во плакарот, во иста ситуација.

Детето: Темно е овде!

Љубовникот: Да, темно е!

Детето: Имам патики за фудбал!

Љубовникот: Колку треба?

Детето: 250 евра!

Дошол викенд и таткото сакал со синот да одат да играат фудбал, па му вели:

Таткото: Земи ги патиките и топката и ајде да одиме да играме фудбал!

Детето: Ама тато, не можам, ги продадов и патиките и топката.

Таткото: Колку ги продаде?

Детето: За 500 евра!

Таткото: Тоа е страшно! Како си можел толку да им земеш на твоите другари? Тоа е многу повеќе отколку што вредат! Ајде сега те носам во црква за да се исповедаш!

Таткото го однесол синот во црква, детето влегло за да се исповеда, а татко му ја затворил вратата.

Детето: Темно е овде!

Попот: Леле, немој пак да почнуваш со тие глупости!!!