Виц

Разговараат двајца селани: – Дојди да ти го покажам мојот имот! Еве го мојот двор, мојата бавча, мојот овоштарник… Знаеш на оваа јаболкница ми се обесија трите жени, па сега ќе морам да се женам по четврт пат… – Извини што те прекинувам, дали ќе можеш да ми дадеш калем од оваа твоја јаболкница?!?

повеќе...

Виц

Малиот син го затекнал татко му Рамче кај што го прават она со мајка му, па прашува: – Тато, што правиш? – Бегај надвор, гледаш дека мајка ти е болна, ја лечам! На малиот ништо не му било јасно па излегол надвор. Утредента Рамче се вратил порано од работа и го прашува синот: – Кај е мајка ти? – Ене ја, комшијата ја лечи, изгледа грлото ја боли!!!

повеќе...

Виц

Еден човек му се молел на Господ: – Господе, цел живот не сум згрешил ништо, дај ми малку да уживам пред смртта. Отсекогаш сакав да одам на Хаваи, но се плашам да летам со авион, со брод многу ми се лоши… Дали можеш да ми направиш еден мост до Хаваи, па да одам таму со кола? Господ му рекол: – Тоа навистина нема смисла, каде би биле потпорните столбови, морето е немирно, возењето по таков мост би било многу опасно. Навистина, тоа што го бараш е технички неизводливо. Дали можам…

повеќе...

Виц

Двете внучиња дошле на викенд кај баба им. Си поразговарале, па случајно прашале: – Бабо, како дојдовме на овој свет? – Вас, мили мои внучиња, ве донесе штркот! Излегле децата, и едното му вели на другото: – Што велиш, да и кажеме или нека си умре глупава?

повеќе...

Виц

Му умрела жената на Трпе и сите се собрале на гробишта да ја закопаат. Кој тажен, кој замислен, потиштен, а пак еден човек од страна плаче, рика, ја трга косата од жал. Го видел Трпе, и му вели: – Господине швалер, не плачете, не тагувајте, јас пак ќе се оженам!!!

повеќе...

Виц

Разговараат две комшивки: – Комшивке мори, што ти е? Дали си болна? – Јас болна!? Неее, здрава сум ко дрен! А зошто прашуваш? – Па гледам веќе трет ден како доаѓа докторот кај тебе дома па… – Слушај да ти кажам! Кога кај тебе дома доаѓаше оној војникот, јас сигурно не помислив дека почна војна!!!

повеќе...

Виц

Си разговарале внукот и тетката: – Тето, зошто ти немаш деца? – Па внучко, штркот не сакаше да ми донесе! – А тето, кажи ми ти, зошто не си пробала да спиеш со некое друго животно?!?

повеќе...

Виц

– Мамо, дали можам да го облечам твојот фустан? – Не! – А дали можам да ставам кармин: – Не! – А дали смеам да облечам штикли? – Никако! – Ама мамо, јас имам 18 години!!! – Знам Милутине, знам…

повеќе...

Виц

Рано наутро сите животни застанале да чекаат ред пред пекарница. Дошол Зајко и почнал да се турка: – Пуштете ме да поминам! Го видела Мечката, му удрила шамар и му рекла: – Каде Зајко? Застани во ред! Зајакот пак: – Ама пуштете ме да поминам! Мечката пак му врзала шамар, а тој упорен: – Бегајте да поминам!!! Мечката изнервирана, почнала со тупаници да го тепа Зајко, а тој целиот крвав, станува и вели: – Е дури сега нема да ви ја отворам пекарницата!

повеќе...

Виц

Утрото после првата брачна ноќ младоженецот ја прашува невестата: – Кажи ми ти мила, ама те молам да бидеш најискрена! Дали јас сум првиот со кого што си спиела? – Да секако мили! Со тие што ги имав пред тебе, око немав склопено по цели ноќи, што значи ти си првиот со кого што сум спиела!!!

повеќе...