Охриѓани се запознаваа со европските можности за македонско земјоделство

Во рамки на проектот „Европски можности за македонското земјоделство“, денес во просториите на Секторот за Туризам и Локален Економски Развој се спроведе обука на охридските земјоделци, претседатели на Месните Заедници  и други чинители  за користење на средства  од инструментот за пред пристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД) за периодот  2007-2013 година.

Пред присутните се презентираа практични примери на ИПАРД апликација со пополнување на барање  за користење на средствата.

Меѓу другото, на денешната средба надлежните ги информираа присутните  дека врз основа на проектот  Општинско – корисна работа со кој Општина Охрид аплицираше и доби финансиски средства од УНДП, веќе е отворен јавен повик за шест месечен работен ангажман на самохрани мајки  и лица кои подолг  период се водат како невработени.

Ipard_zemjodelstvo_programa_4852 Ipard_zemjodelstvo_programa_4851