Виц

Човек со трчање влегува во амбуланта: – Докторе, ме гризна куче за увово! – Дали го дезинфициравте? – прашал докторот. – Не докторе, веднаш побегна!

повеќе...

Виц

Еден господин влегува во бар и гледа една девојка како седи сама на шанкот: – Извинете госпоѓице, дали можам да Ви порачам еден алкохолен пијалок? – Не, благодарам господине, алкохолот не е добар за моиве нозе! – Ох, баш ми е жал, сигурно Ви затекуваат? – Не, се шират!

повеќе...

Виц

Затрчан мажот влегува дома и уште од на врата и вика на жена му: – Женооооооо… Што би направила кога би добил на лото? – Би ти зела половина и би заминала! Мажот ваѓа од џебот 20 евра и и вика: – Еве ти 10 евра и бриши да не те гледам!

повеќе...

Виц

Се разбудило детето во 4 часот наутро, оди кај мајка му и и вели: – Мамо, ај ако сакаш раскажи ми некоја приказна! – Чекај сине, чекај! Само да се врати татко ти, па тој ќе ни раскаже приказна каква што никогаш не си слушнал!!!

повеќе...

Виц

Што е најбрзо на светот? Биолог: – Најбрзо е трепкањето на очите. Тоа се случува, а никој и не приметува дека се случува. Физичар: – Најбрза е светлината. Кога ќе притиснете прекинувач, таа до вас стигнува со брзина од 300 илјади километри во секунда, нема ништо побрзо во природата. Филозоф: – Најбрза е мислата. Со мислата, за секунда можеш да стигнеш каде сакаш. Селанец: – Кога ве слушнав вас, учени луѓе, сфатив дека најбрзо нешто на светот е проливот. Кога ќе те стегне, стигнува пред да трепнеш со око! Веќе…

повеќе...

Виц

Влегува студент во продавница за домашни миленичиња: – Се извинувам, дали имате 10 стаорци? – Не, не продаваме стаорци, а зошто ви се? – Се селам во друг стан, па газдата ми рече станот да го оставам во иста состојба како што беше кога се вселив во него!

повеќе...

Виц

Три жени, вереница, љубовница и сопруга, решиле да ги изненадат своите партнери. Купиле црн секси долен веш за да внесат малку страст во сексуалниот живот. Вереницата го облекла, а дечкото кога го видел тоа: „Леле срце, утре се земаме, нема веќе одолговлекување!“ Љубовницата го облекла, а шефот воодушевен: „Остави ја работата маче, те носам во хотел!“ Сопругата го облекла, со нетрпение го очекувала својот маж, а тој си доаѓа од на работа, ја гледа жената и ја прашува: „Бетмен, што има денес за ручек?“

повеќе...

Виц

Отишол еден човек на доктор и му вели: – Докторе, јас навистина не знам што да правам! Јас и жена ми веќе долго време не ги правиме оние работи! – Повикајте ја жената утре, малку да поразговараме, да видам што е проблемот! Другиот ден мажот ја пуштил жената кај лекарот. Докторот ја примил и започнале со разговор: – Добар ден госпоѓо! – Добар ден докторе! – Вашиот маж ми кажа дека веќе долго време не сте имале сексуални односи! Зошто? – Па, видете докторе, јас наутро тргнувам на работа, ме…

повеќе...

Виц

Еден моторист лета со 100-ка и удира една птица… Застанува и се враќа да провери дали птицата е жива… Гледа дека птицата е во несвест, па ја зема и ја носи дома… Ја става во кафез, и дава леб и вода, и излегува. Птицата се буди, гледа леб… вода… решетки… и си вели: – Изгледа го убив мотористот!

повеќе...

Виц

Разговараат ловец и рибар: Ловецот: Одам вчера на лов, само што се искачив на ридот над селото, кога оп, скокна еден зајак. Додека ставив куршуми и нанишанив – зајакот ми кидна, а беше тежок точно 9 кила и 200 грама! Рибарот: Не е тоа ништо! Си фаќам јас риби така, кога одеднаш нешто почна да трга… Влечам јас влечам… кога извлеков што ќе видам, фенер и тоа запален! Ловецот: Уф, е сега претера! Рибарот: Ајде сега ти намали го зајакот, па јас ќе го згаснам фенерот!!!

повеќе...