Виц

Седат дечко и девојка на клупа, девојката го гледа дечкото и му вели: – Мили, колку долги трепки имаш! А тој и одговара: – Знаеш, кога бев мал многу плачев, плачев, плачев… Го гледа девојката и му вели: – Штета што не си мочал, мочал, мочал…

повеќе...

Виц

Седат тројца во сауна. Одеднаш, почнал да ѕвони телефон и едниот од нив се јавил. – Здраво мили, најдов едно ланче, смеам да го купам? – А колку пари е? – Беше 40 илјади евра, ама со попуст 32 илјади евра. – Добро де, купи го! – рекол тој, го исклучил телефонот и прашал: – Извинете момци, чиј е овој телефон?

повеќе...

Виц

Влегува Трпе во селската меана облечен во црно. Го гледаат селаните и му велат: – Нека е на арно Трпе, зошто си во црно, што се случило? Трпе со наведната глава: – Не е арно, татко ми умре! – Како е можно Трпе, само што го видовме седнат пред врата!?! – зачудени прашале селаните. – А тоа, па ние го седнавме така додека не помини поштарот да подели пензија!!!

повеќе...

Виц

Ги построил Хитлер своите војници и одеднаш некој кивнал. Хитлер одма прашал: – Кој кивна? Сите ќутеле, па тој повторно: – Ќе почнам да ги стрелам сите, ред по ред ако никој не ми одговори! Повторно сите ќутеле, па Хитлер пак прашал: – Прв ред, кој кивна? Никој не одговорил, па Хитлер ги стрелал. – Втор ред кој кивна? Никој не одговорил и повторно наредил стрелање. – Трет ред, кој кивна? Еден војник за да ги поштеди другите извикал: – Јас бев! Хитлер: – Наздравје војнику!

повеќе...

Виц

Некоја баба влегла во автобус и му вели на едно момче што седело: – Дете, ај стани јас да седнам! Нозете ме болат, а ти си млад ќе постоиш. Момчето пак ја прашува бабата: – А ти бабо, како мала си станувала на постари? Бабата гордо: – Да, секогаш. Детето: – Епа, затоа сега те болат нозете!!!

повеќе...

Виц

Учителката го прашала малиот Перо, кој го напишал „Волшебното самарче“. Малиот Перо одговорил: – Јас не учителке, жими се! Учителката налутена го носи кај директорот и му вели: – Замислете директоре, јас прашувам кој го напишал „Волшебното самарче“, а тој ми вели „јас не, жими се!“ Директорот: – Па добро учителке, можеби навистина тој не го напишал тоа! Учителката збеснала, го фатила малиот Перо за уво и излегувајќи од кај директорот сретнала еден полицаец, па веднаш решила да му се пожали: – Замислете, прашувам кој го напишал „Волшебното самарче“, а…

повеќе...

Виц

Им здодеало на два костури и решиле со велосипеди да одат до градот. Само што тргнале едниот се вратил да ја земе надгробната плоча, па продолжиле кон градот. Вториот го прашал: – Жити се, што ќе ти е надгробната плоча? – Никогаш не се знае, што ако ме застане полиција и бараат да се легитимирам!?!

повеќе...

Виц

Еден 85 годишен дедо му се фали на докторот дека затруднела неговата млада жена. Докторот го потапкал по рамото и му рекол: – Да ти раскажам една приказна дедо… Отишол ловецот во шумата, пред него излегла мечка, сакајќи да ја земе пушката приметил дека по грешка го зел чадорот. Го вперил чадорот кон мечката и бум, за чудо чадорот испукал еден куршум и ја убил мечката! Дедото на тоа: – Тоа е невозможно! Сигурно имало некој до него или зад него со пушка, а тој не го приметил тоа. –…

повеќе...

Виц

Се шетале татко и син покрај Кејот во Охрид и поминале пред споменикот на Св.Кирил и Методиј, па синот го запрашал татко му: – Тато, кои се овие? – Види синко, едниов е Свети Кирил и Методиј, а другиов не знам кој е, најверојатно брат му!!!

повеќе...

Виц

После бурната ноќ, дечкото нашол слика од некој непознат маж во фиоката од девојката, па се загрижил. Тој: Овој ти е маж? Таа: Не, будалче… Тој: Да не ти е свршеник? Таа: Никако! Тој: Татко ти или брат ти? Таа: Не, не и не! Колку си љубоморен! Тој: Па добро веќе, ќе ми кажеш ли кој е? Таа: Па штом инсистираш, ќе ти кажам. Тоа сум јас пред операцијата!!!

повеќе...