Виц

Влегува полицаец во продавница и прашува: – Имате крема за чевли број 42? Продавачот одговара: – Имаме крема за сите чевли. Полицаецот упорен: – Ама јас сакам крема за чевли број 42! Се карале тие така додека на крај полицаецот не си заминал. Утредента доаѓа командирот и продавачот му вика: – Леле, што глупи полицајци имате, ми бараат крема за чевли број 42. – Остави ги, тие се глупави, туку дај ми ти мене игла за бел конец.

повеќе...

Виц

Средношколецот Жарко му се жали на татко му: – Тато, професорката по историја стварно ме малтретира. – Слушај синко, ако пазиш како се облекуваш, внимаваш на час и учиш редовно дома, сигурно дека нема да имаш повеќе проблеми. – Абе тато, не мислам дека тоа ќе ми помогне. Баш вчера на голем одмор ми викаше зошто и касни веќе 3 недели!

повеќе...

Виц

Трпе порачал чорба. Келнерот му ја носи ама палецот го ставил внатре. На тоа Трпе револтирано: – А бе мајсоре, што правиш бе, вади го палецот од чорбата! – Извинете господине ама мене докторот ми кажа палецот цело време да го држам на топло бидејќи имам чир на него. – А да си го ставиш палецот во газот, таму е потопло!? – Па таму го чувам, ама го извадив за да ја донесам чорбава!

повеќе...

Виц

Учителката по македонски им рекла на децата да напишат нешто необично што им се случило изминатата недела. Малиот Благојче чита: – Пред два дена мојот татко падна во бунарот. – Господе, дали е добар татко ти сега? – загрижено прашала учителката. – Па сигурно е, уште вчера престана да вика за помош.

повеќе...

Виц

Оди човек по улица и гледа мало дете како пуши цигара. – Абе дете, не си мало за да пушиш? Детето ништо не одговара… – Колку години имаш? – Седум. – Седум? Па, од кога пушиш? – Почнав веднаш после првиот секс? – Секс??? Олку мал??? Кога било тоа? – Не се сеќавам, пијан бев!

повеќе...

Виц

Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не зборува. Конечно, не можејќи да издржи му вели: – Се извинувам господине, ќе може ли да го ослободите телефонот кога веќе не правите муабет?! – Полека госпоѓо, правам муабет со жена ми!

повеќе...

Виц

Отишла жена му од Трпе на доктор, а резултатите требало да ги земе следниот ден. Другиот ден отишол Трпе да ги земе и докторот му вика: – Трпе, на жена ти не и е ништо. Само, да ти кажам право, три пати неделно треба да добива секс, понеделник, среда и петок! – му рекол докторот. – Добро бе докторе, во понеделник и среда ќе можам да ви ја донесам, ама во петок ќе мора сама да си доаѓа, пошто ептен сум зафатен! – му објаснил Трпе.

повеќе...

Виц

Умрел некој човек од сиромашна фамилија и неговите ошле да купат сандак. Влегуваат и го прашуваат продавачот: – Колку е овој сандак? – 500 евра – А овој овде? – 250 евра. – Добро бе, немате ли нешто поевтино!? – Еве, овој овде е само 100 евра. – Многу бе човек, дај нешто уште поевтино. Продавачот видно изнервиран: – А здрвен ли е мртовецот? – Да, целиот е здрвен! – Епа донесете го овде, за 50 евра ќе му заштрафиме рачки!

повеќе...

Виц

Се враќа човек од на доктор, па пријателот го прашува: – Што ти рече докторот? – 200 евра! – Не, не те прашувам тоа, туку што имаш? – 50 евра! – Ама не, што ти фали тебе човеку? – 150 евра!

повеќе...

Виц

Мало девојче забележало неколку бели влакна во косата од мајка си, и ја прашала: – Мамо, зошто имаш бели влакна на главата? – Секогаш кога ќе направиш некоја беља или ќе ме изнервираш, по едно влакно од косата ми станува бело! – одговорила мајката. Девојчето размислило малку па повторно прашало: – А зошто тогаш на баба целата коса и е бела?!

повеќе...