Постапувајќи по констатирани неправилности, Царинската управа на Република Македонија во месец октомври 2015 година до надлежните јавни обвинителства поднесевкупно 10 кривични пријави,против 11 физички и 5 правни лица. Кривичните пријави се поднесени поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела „Криумчарење“, „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, „Фалсификување исправа“ и „Повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“. Криумчарење Четири кривични пријави, дведо Основното јавно обвинителство Гевгелија и по една до Основните јавни обвинителства во Куманово и Скопје,…
повеќе...Tag: заплена
Во последните три месеци спречени обиди за шверц на над 2750 пакувања лекови
Царинските службеници на граничниот премин Деве Баир, синоќа (04.11.2015 г.) по полноќ спречија обид за шверц на 10 илјади парчиња таблети АМИНАЛОН (200 кутии по 50 таблети). Лековите се пронајдени во торбите и куферите на македонски државјанин, патник во автобус кој сообраќа на редовна линија Софија-Скопје, пријавен за влез во државата. Ова е седми спречен обид за криумчарење и нелегално внесување на лекови и медицински препарати во Република Македонија, откриен од Царинската управа во последните три месеци, при што се одземени околу 2750 пакувања лекови и медицински препарати. Во сите…
повеќе...Запленети девизи, акцизни производи, автоделови, свежи печурки, семки од марихуана и фалсификати
Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани девизи, цигари, домашна ракија, автоделови, пластичен кујнски прибор, разни производи и фалсификати. Покрај тоа спречен е и еден обид за криумчарењње семки од марихуана. Задржана е следната стока: Девизи – 4.400 евра, откриени при личен претрес на македонски државјанин, кој управувајќи српски автомобил, се пријавил за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат. Во рачна торба на возачот се пронајдени 6.400 евра, за кои не поседувал документ за потекло. Согласно законските прописи,…
повеќе...Запленети златен и сребрен накит, девизи, акцизна стока, семки од марихуана и друго
Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани златен сребрен накит, девизи, домашна ракија, цигари, свежо овошје, облека, бижутерија, мобилни телефони, мрежни контролери, алкални батерии, делови за огради, лак, делови за возила, витамински препарати и фалсификати. Покрај тоа спречени се еден обид за криумчарење семки од марихуана и еден обид за нелегален влез на патник во државата, и откриена е една царинска измама. Задржана е следната стока: Девизи и злато – 310 грама стар златен накит и 175 грама стар сребрен…
повеќе...Откриени обиди за избегнување на царински давачки од околу милион денари
Во септември 2015 година, царинските службеници од Царинарница Штип открија два обиди за избегнување на царински давачки во износ од околу милион денари (989.935 денари). Во првиот случај, фирма увозник од Кочани за увозно царинење пријави машина за лемење во вредност од 95 илјади евра со преференцијално потекло од Франција, царинска стапка 0% и увозни давачки во износ од 1 милион денари. Заради основано сомневање во верoдостојноста на приложениот доказ за преференцијално потекло на стоката, Царинската управа се обрати до Царинската служба на Франција со барање за дополнителна проверка на…
повеќе...Запленети златен накит, лекови, цигари, девизи и друго
Во текот на минатата недела, царинските службеници открија една царинска измама и значителен број обиди за криумчарење, при што привремено се задржани златен накит, девизи, лекови, цигари, делови од лифт, електрична опрема, додатоци за мобилни телефони, облека, рачни часовници, парфеми и фалсификати. Задржана е следната стока: Златен накит и девизи – 195 грама златен накит, откриен од страна на мобилните царински тимови, при контрола на патниот правец Петровец – Скопје, на македонски автобус што сообраќал на релација Истанбул – Скопје. Во рачна чанта на патничка во автобусот, македонска државјанка, се…
повеќе...Спречен шверц на 76 штеки цигари
Царинските службеници на аеродромот Александар Велики во Скопје спречија обид за шверц на 76 штеки цигари. На 7.10.2015 година околу 16:30 часот, за излез од Македонија со лет за Лондон се пријави британски државјанин. Прашан дали има нешто да пријави за царинска контрола, лицето одговори негативно, но при проверка на багажот царинските службеници пронајдоа 39 штеки цигари Marlboro Gold и 37 штеки Malboro Red, или вкупно 15.200 парчиња цигари. Цигарите, сите со македонски акцизни маркички, се привремено задржани, а против сторителот покрената е прекршочна постапка пред Комисијата за одлучување за…
повеќе...Запленети женски марами на граничниот премин Богородица
Царинската Управа откри околу 300 женски марами, на граничниот премин Богородица, при контрола на автобус со турски регистарски таблички, кој сообраќал на редовната линија Истанбул-Струга, а пријавен за влез во државата. Непријавените марами се пронајдени во 3 патни торби, сопственост на македонски државјанин, патник во автобусот.
повеќе...