Отворена недела на едукација за компјутерската наука на Универзитетот „Св. Апостол Павле“

На иницијатива на студентите, во период од 9 – 12 декември во просториите на Универзитетот по втор пат ќе се одржи „Отворена недела на едукација за компјутерската наука“. Во рамките на Отворената недела секојдневно со почеток во 18:00 часот, студенти на Универзитетот „Св. Апостол Павле“ ќе држат предавања во времетраење од 60 минути на тема „Основи на компјутерско програмирање“. „Ги покануваме заинтересираните граѓани да дојдат, да научат и да го разбудат сопствениот интерес за програмирањето и компјутерските науки.“– велат од универзитетот. Отворената недела се одржува во рамките на глобалната иницијатива…

повеќе...