Верниците се поклонуваат пред чудотворната икона на Богородица во Калишта

Во манастирот „Пресвета Богородица“ во струшкото село Калишта денеска се одбележува големиот христијански празник Рождество на Пресвета Богородица – Мала Богородица. По тој повод од синоќа голем број верници од Охрид, Струга и околните места палат свеќи и се молат за здравје и среќа. Денес беше отслужена света литургија на која чиноначалствуваше Неговото блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан. Манaстирот го посетуваат и граѓани од други религии кои веруваат во исцелителната моќ на Пресвета Богородица. Денес е Празник на иконата на Пресвета Богородица во Калишта Во манастирот на Пресвета Богородица близу…

повеќе...

Се воведува посебен режим на сообраќај за празникот Мала Богородица

Во врска со претстојното прославување на верскиот празник Мала Богородица, предвидено за ден 20/21 овој месец во манастирот „Св.Богородица“ кај Калишта, полициската станица од Струга ќе преземе повеќе мерки за безбедно одвивање на празникот. Целта на целокупните превентивни активности е одржување на стабилна безбедносна состојба на подрачјето, елиминирање на можностите за вршење кражби и други казнени дела, за нарушување на јавниот ред и мир како и мерки за нормално одвивање на сообраќајот. Со цел создавање услови за нормално и безбедно одвивање на сообраќајот, за време на одбележувањето на празникот ќе…

повеќе...