Се гради фудбалско игралиште во Лескоец

Во рамки на Годишната програма за работа на Секторот за комунални дејности сообраќај и улици, а согласно залагањата на градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески за изградба на спортски и детски игралишта, деновиве активно се работи на изградба на фудбалско игралиште во с. Лескоец. Во моментов се работи на проширување на теренот кон источната страна и во насока на ОУ „Ванчо Николески“. Се очекува градежните активности да завршат до почетокот на летната туристичка сезона со што жителите на ова охридско село ќе добијат соодветен простор за спортување и рекреација.

повеќе...

Груевски: Од дијаспората да се избираат 20 пратеници

Наместо тројца од редовите на дијаспората да се избираат дваесет пратеници во Парламентот и за нив да се гласа во една изборна единица, е предлагот на ВМРО-ДПМНЕ до останатите политички партии во преговарачката работна група за изборите, што го соопшти денеска премиерот Никола Груевски. „Сакаме да се задржи можноста дијаспората да има свои претставници во Парламентот на Република Македонија. Дури мислам дека е прениско застапена и затоа дадовме една идеја во работните групи, ако и другите политички партии прифатат да го смениме моделот наместо три пратеници од дијаспората, 20 пратеници…

повеќе...

Груевски: Ќе се залагаме дијаспората да има свои пратеници во Парламентот

Нашиот став е македонските иселеници да имаат свои претставници во Парламентот на Република Македонија и ќе се залагаме и понатаму дијаспората на тој начин да учествува во политичкиот живот во земјата, истакна премиерот Никола Груевски на синоќешната средба со претставници на македонската дијаспора во Виена, Австрија. „Тоа беше проект за кој многу се зборуваше пред 2006-та година меѓутоа ниту една влада не го спроведе. Ние го ветивме кога бевме во опозиција во 2004-та, во 2005-та година и потоа по нашето доаѓање успеавме да ги убедиме и другите политички партии нашата…

повеќе...