Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, од денеска 14 јануари 2017 година, до 16 јануари 2017 година ќе престојува во работна посета на Арапската Република Египет, каде што ќе учествува на Форум на високо ниво во организација на Александриската Библиотека и на Меѓународниот центар „Низами Ганџави”, што се одржува во Каиро. Претседателот Иванов ќе се обрати на воведната сесија на форумот насловена „Демократска безбедност во време на екстремизам и насилство”. На форумот учествуваат истакнати личности од општествениот и политичкиот живот, поранешни претседатели на држави, премиери и министри. Меѓу останатите…
повеќе...