Во организација на Сојузот за училишен спорт од Охрид, со поддршка од Локалната самоуправа, денеска беше отворена годинашната училишна спортска лига. Во рамките на лигата, ќе се одржат натпревари во футсал, одбојка, пинг-понг, шах и атлетика, на кои ќе учествуваат ученици од основните и средните училишта од Охрид. Во името на Локалната самоуправа, на отворањето се обрати заменик градоначалникот на Општина Охрид , Ангел Јанев: „Ние, од Локалната самоуправа во рамките на можностите ја поддржуваме училишната спортска лига, со уверување дека во иднина таа поддршка ќе биде уште поголема. Свесни…
повеќе...