Набавени нови канти за отпад во општина Дебрца

Општина Дебрца набави 250 индивидуални канти за отпад кои ќе бидат наменети за домаќинствата во општината ги обезбеди во соработка со Бирото за регионален развој.  Кантите се со капацитет од 120 литри изработени од пластика согласно европските стандарди. Вкупната вредност на набавката изнесува 375.000 денари без пресметан ДДВ. Градоначалникот на општината, Игор Трајкоски вели дека активноста е во насока на јавната хигиена и дека континуирано ќе се подобри хигиената и чистотата во општина Дебрца.

повеќе...

Поставени нови канти вдолж „Булевар Туристичка“

Нови канти за депонирање на ситен отпад се поставени вдолж „Булевар Туристичка“. Акцент е ставен на автобуските постојки, во близина на ОУ „Григор Прличев“, ОСУ „Св.Климент Охридски“, детските игралишта и други локации.

повеќе...

Нови канти за ситен отпад на градскиот и малиот плоштад

ЈП „Охридски Комуналец” во пресрет на новата туристичка сезона, постепено ќе ја обновува урбаната опрема на територијата на општина Охрид. „Денеска се поставуваат 10 нови канти за депонирање ситен отпад на градскиот плоштад и новиот мал плоштад. Новите канти имаат поестетски изглед и функционалност, со поцинкувана внатрешна влошка со поголем капацитет.“– информираат од претпријатието. Досегашните канти за ситен отпад ќе бидат дислоцирани на локации каде има потреба од овој вид на урбана опрема.

повеќе...

ЈП „Охридски Комуналец“ врши продажба на пластични канти за отпад

ЈП „Охридски Комуналец“ -Охрид ги известува граѓаните на општина Охрид, како и правните субјекти кои ја обавуваат својата дејност на територијата на општина Охрид дека врши продажба на пластични канти за отпад со капацитет од 120 литри по цена од 1.200,00 ден. Отплатата на кантите може да се врши одложено на 12 рати. Износот на месечната рата ќе биде вкалкулиран во вкупниот износ на месечните сметки за подигање, транспортирање и депонирање комунален отпад и јавна чистота, по претходно регулиран Договор кој странките можат да го склучат во просториите од дирекцијата…

повеќе...