Општина Дебрца набави 250 индивидуални канти за отпад кои ќе бидат наменети за домаќинствата во општината ги обезбеди во соработка со Бирото за регионален развој.
Кантите се со капацитет од 120 литри изработени од пластика согласно европските стандарди. Вкупната вредност на набавката изнесува 375.000 денари без пресметан ДДВ.
Градоначалникот на општината, Игор Трајкоски вели дека активноста е во насока на јавната хигиена и дека континуирано ќе се подобри хигиената и чистотата во општина Дебрца.