Работилница „Заболувања на периферни артерии, предизвици и третман“ во Кардиологија

Во ЈЗУ „Завод за превенција и лекување на кардиоваскуларни заболувања Свети Стефан” од Охрид се одржа едукативна работилница насловена како „Заболувања на периферни артерии, предизвици и третман“ на која присуствуваа еминентни имиња од областа на интервентната кардиологија, на која беа презентирани интервенции врз пациенти, разменувани беа искуства и знаења и беа презентирани конкретни искуства кои ги имале докторите од самиот завод но и од други болници од Македонија, Србија и Словенија. Две од интервенциите во рамки не едукативната работилница заедно со врвниот интервентен кардиолог Др. Ара Угурлуоглу изведе Др. Никола…

повеќе...

Општината и Заводот за кардиоваскуларни заболувања ќе го одбележат Светскиот ден на срцето

Општина Охрид и Заводот за кардиоваскуларни заболувања во недела со низа активности ќе се вклучат во одбележувањето на Светскиот ден на срцето. Централниот настан ќе се одржи на градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“ каде во период од 09 до 13 часот во поставениот шатор доктори од Заводот за кардиоваскуларни заболувања ќе им го мерат крвниот притисок, ќе прават ЕКГ и ќе даваат совети за здравјето на срцето на сите заинтересирани охриѓани. Светскиот ден на срцето е годишен настан кој се случува секоја година од 2000 година наваму на 29-ти септември.…

повеќе...

Во Детската кардиохирургија досега извршени 120 интервенции

Во Детската кардиохирургија за неполни две години се извршени 120 кардиохируршки интервенции кај деца. Во рамки на десеттата мисија (од 22 февруари до 7 март) на тимот странски доктори кои работат на проектот Детска кардиохирургија се направени 13 интервенции, а попладнево се извршува 14-тата. Министерот за здравство Никола Тодоров, кој денеска ја посети Клиниката за детска хирургија изјави дека во рамки на десеттата сесија на тимот странски доктори, е оперирано и бебе старо само пет недели со околу 2,5 кг. тежина. – Станува збор за исклучително сложени интервенции кои се…

повеќе...

Кај Кардиолошкиот центар се гради пешачка патека

Јавното претпријатие „Нискоградба“, денеска, започна со градежни активности – изградба и санација на пешачката патека. Патеката се протега долж Јавната здравствена установа „Завод за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања“ и целосно ќе биде поплочена со бехатон плочки и оградена со ивичници. Со изградбата на оваа патека значително ќе се подобри безбедноста на пешаците и безбедноста на возилата за Итна медицинска помош кои секојдневно го минуваат тој пат.

повеќе...