Рано утрово, коледарчињата први ја соопштија веста за раѓањето на Исус Христос и го означија денешниот празник Бадник. Со посетување на секој дом, се тропка со чеканче и се пее традиционалната коледарска песна: „Коледе, леде! паднало греде, утепало деде. Дедо се мачи, баба го квачи, со четири јајца гускини, паткини, шаткини! О. О. коледе!“ Откако ќе ја испеат песната, домаќините на коледарчињата им даваат јаболка, ореви, костени, бонбони и пари. Бадник е празник кој традиционално се прославува во кругот на семејството. Освен коледарчињата, денешниот ден го означува и кршењето на…
повеќе...Tag: коледе
Денес е Бадник – Коледе
Бадник или Коледе се нарекува денот пред раѓањето на Исус Христос (Божик), според христијанската традиција. Според Јулијанскиот календар по кој се раководи Македонската православна црква, Бадник паѓа на 6-ти јануари секоја година, а Божик на 7-ми јануари. Суштината на празникот е во радоста на христијаните пред големиот ден – Христовото раѓање. Истовремено, со овој ден завршуваат и Божиќните пости. Традиционално, Бадник се прославува кај сите христијани, но црквите кои го користат Грегоријанскиот календар го прославуваат на 24-ти декември. Кај сите христијански народи има низа обичаи за Бадник, особено поврзани со…
повеќе...Вечерва се палат коледарски огнови
Вечерва се палат коледарски огнови. Коледарските огнови се предвесник на Бадник. Ова е стара македонска традиција, вечерта пред Бадник да се дочека надвор, крај оган, со чашка греена ракија во рацете, со погача, со македонски песни, со желби за здравје и бериќет. Иако според толкувањата на црквата овие обичаи се пагански, граѓаните ги практикуваат како можност за дружење пред божиќните празници.
повеќе...Коледарчиња го разбудија Охрид

повеќе...