Предадено кумството на новите кумови за Водици 2015

Во црквата „Св.Никола- Геракомија“, денеска со верска цеременија, беше извршено примопредавање на Светиот крст меѓу ланските и годинашните кумови на големото црковно- народно чествување на „ Богојавление- Водици„ . Кумови за 2015 година се познатиот балкански музички уметник Жељко Јоксимовиќ и бизнисменот Зоран Милески. Тие го презедоа кумството од старите кумови, градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески и бизнисменот Сашо Симески. „Им го честитам кумството на Жељко и Зоран и им посакувам се најдобро во оваа година, Господ да го благослови ова нивно кумство, да им даде многу позитивна енергија, здравје…

повеќе...

Жељко Јоксимовиќ и Зоран Милески кумови на Водици 2015

Градоначалникот Никола Бакрачески денес присуствуваше на свечената седница на Здружението на граѓани „Богојавление“ на која официјално беа избрани новите кумови на Водици 2015 во Охрид, балканската музичка ѕвезда Жељко Јоксимовиќ и бизнисменот Зоран Милески. „Празникот Богојавление Водици е не само симбол на православната вера туку во исто време е и симбол на радоста на охриѓани а неколку години наназад е симбол на радост на цела Македонија. Јас како граѓанин, како се уште актуелен кум на Водици и како градоначалник на Охрид се чувствувам гордо и почестено што денес се собравме…

повеќе...

Во четврток ќе биде објавена програмата за Водици 2015

Здружението на граѓани „Богојавление“, во четврток, 4-ти декември, во малата сала на општина Охрид, со почеток во 12.00 часот ќе одржи свечена седница со следниот дневен ред: 1)Усвојување на записникот од предходната седница 2)Информација за припремата за рибната чорба 3)Избор на Кум за 2015 год 4)Разно.

повеќе...