Царинските службеници на Аеродромот Александар Велики во Скопје вчера спречија обид за криумчарење на 4,5 килограми хероин. Околу 20:00 часот, по пристигнување на летот од Истанбул, царинските службеници селектираа за детален преглед турски државјанин со иницијали Р.Ј. (39) заради невообичаената тежина на неговиот куфер и вознемиреноста. При деталната контрола на куферот, забележано е дупло дно, изработено од пластичен дел од друг куфер. По одлепување на преградниот дел, во внатрешноста е забележана салотејп трака со кафена боја, одозгора посипана со мелено кафе. Откако траката е отстранета, царинските службеници пронајдоа проѕирна најлонска…
повеќе...