Полуматурантите од ОУ„Григор Прличев“ прославуваа

Последниот училиштен ден, полуматурантите од ОУ „Григор Прличев“ Охрид го прославија во весела атмосфера. Низ песни и игри го означија крајот на основното образование. Крај кој ја носи разделбата од своите наставници и соученици и предизвикува на моменти тага и желби за блескава животна иднина. На прославата беа прогласени најуспешните ученици: -Првенец на генерација: Ана Димоска; -Второ наградени: Искра Атанасова-Митуш и Сара Ристова; -Најдобара ученичка во ПУ-Рача: Елена Шаптеска.

повеќе...