Промовирано новото издание на Правописот на македонскиот јазик

Новото издание на Правописот на македонскиот јазик денеска беше промовирано во НУБ „Свети Климент Охридски“ – Скопје. Во организација на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, во проектот беа вклучени 48 соработници, пред сѐ, универзитетски професори од Институтот за македонски јазик, од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, од МАНУ и од други сродни институции. На промоцијата се обратија министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, директорката на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ Елена Јованова-Грујовска и промоторите академик Витомир Митевски и проф. д-р Славица Велева. „Новото издание на Правописот на македонскиот јазик е…

повеќе...