Принцезата Караѓорѓевиќ во посета на Охрид

Во дводневна неофицијална посета на Охрид, престојува принцезата Јелисавета Караѓорѓевиќ. Денеска на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ таа беше пречекана од претседателката на охридскиот совет Гордана Коњановска. Принцезата Караѓорѓевиќ прв пат доаѓа во Охрид. Во рамки на посетата таа ќе ги разгледа културно историските одбележја на градов, а ќе ги посети и продавниците за охридски бисер и филигран. Принцезата Јелисавета родена е во Белград како единствена ќерка на југословенскиот кнез Павле и грчката и данска кнегиња Олга. Нејзин постар брат е принцот Александар. Таа е во второстепено сродство со шпанската…

повеќе...

Српската принцеза Јелисавета Караѓорѓевиќ во посета на Охрид

Во дводневна неофицијална посета на Охрид ќе престојува принцезата Јелисавета Караѓорѓевиќ, единствената ќерка на кнезот – кралски намесник Павле Караѓорѓевиќ и на кнегињата Олга. Принцезата ќе слета на аеродромот Св. Апостол Павле во 14:55 и ќе биде пречекана од делегација на општина Охрид. Таа ќе има прошетка низ градот, ќе ги посети најзначајните културно-историски споменици во старото градско јадро, како и продавниците за филигран и за охридски бисер. Принцезата Јелисавета е родена во Белград, како единствена ќерка на југословенскиот кнез Павле и на грчката и данска кнегиња Олга. Нејзин постар брат е принцот Александар.…

повеќе...