Стариот традиционален занает во рацете на младиот и перспективен резбар Даниел Колевски од Охрид

Сведоци сме дека, денеска за жал, многу стари занаети изумираат благодарение на динамиката на денешниот „модерен“ начин на живот и општествените услови. Главно поради овие причини, мнозина од младата популација не е заинтересирана да ги изучува старите традиционални автохтони занаети, а со тоа да ги одржи во живот. Но, за среќа, тоа не е случај со младиот и перспективен резбар Даниел Колевски. Даниел Колевски е роден на 01.12.1983 година во Охрид, во православно семејство како второ дете. Основно образование завршил во ОУ „Коле Неделковски“ во с. Велгошти (денес ОУ„Живко Чинго“).…

повеќе...