„Работи кои можат да се видат и да се прават во Охрид“

Силен е впечатокот кој го остава Охрид врз сите негови посетители. Нашиот бисер неодамна го посети авантуристот Дејвид Хофман, кој воедно самиот се опишува како зависник од патувања.  Дејвид ги носи гледачите во Охрид, почнувајќи од Стариот град, преку културно-историските знаменитости на градот, тој ги претставува традиционалниот охридски бисер кај Талеви, природните убавини на Охрид и Охридското Езеро, националниот парк Галичица, изворите на реката Црн Дрим во Св.Наум и.т.н. Дејвид го препорачува Охрид како неизбежна дестинација за да се доживее Балканот. Тој на неговиот фејсбук профил има над 34 илјади фанови.…

повеќе...

„Охрид, Балкански Бисер“ – Репортажа за Охрид во туристичкото списание „Ревија Хоризонт“

Во престижното словенечко туристичко списание „Ревија Хоризонт“ објавена е репортажа за Охрид на осум страни. Списанието се дистрибуира во Словенија и во земјите од регионот. Ваквата објава во списанието следува откако, претставници на туристички агенции, туроператори и медиуми од повеќе земји од Европа, меѓу кои и Словенија, присуствуваа на промотивната тура „Охрид 2015“ која се одржаа оваа година од 3 до 4 април. Гостите, во рамки на турата, ги посетија културно историските и туристичките локалитети во градот, а се запознаа и со можностите за рурален туризам и алтернативен туризам. Репортажата…

повеќе...

Репортажа за Охрид ќе снима една од најпознатите телевизии во Кина

Наредниов период Охрид туристички поагресивно ќе се промовира на кинескиот пазар со цел привлекување поголем број кинески туристи кај нас. По неодамнешната работна посета во Народна Република Кина, градоначалникот Никола Бакрачески очекува кинеските тур – оператори и туристички агенции да го вклучат Охрид во туристичките европски тури. При работната псета во збратимениот град на Охрид , Далјан , договорено е националната телевизија која покрива популација на гледачи од околу 7 милиони жители а во соработка со други државни телевизии гледаноста е 100 милиони жители, да сними промотивна репортажа за Охрид.…

повеќе...