„Работи кои можат да се видат и да се прават во Охрид“

Силен е впечатокот кој го остава Охрид врз сите негови посетители. Нашиот бисер неодамна го посети авантуристот Дејвид Хофман, кој воедно самиот се опишува како зависник од патувања. 

Дејвид ги носи гледачите во Охрид, почнувајќи од Стариот град, преку културно-историските знаменитости на градот, тој ги претставува традиционалниот охридски бисер кај Талеви, природните убавини на Охрид и Охридското Езеро, националниот парк Галичица, изворите на реката Црн Дрим во Св.Наум и.т.н. Дејвид го препорачува Охрид како неизбежна дестинација за да се доживее Балканот.

Тој на неговиот фејсбук профил има над 34 илјади фанови. Освен на неговата веб-страна davidsbeenhere.com, неговата сторија е пренесена и на tripfilms.com, погледнете:

WebOhrid