Самбо репрезентативците ќе настапат на СП во Софија

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески ги прими самбо репрезентативците на Македонија кои ќе настапат на Светското првенство за сениори од 10 до 14 ноември во Софија, Бугарија. Ристо Димитров, Александар Петковски и Амра Фејзула се нашите претставници кои ќе настапат во различни категории. Димитров (-68 кг) и Петковски (100 кг) ќе настапат во комбат самбо, а Фејзула (-60 кг) во спорт самбо.Репрезентацијата ја предводи претседателот на Македонската самбо федерација, Ердал Факиќ, кој ќе учествува на Конгресот на Свестката самбо федерацаја –ФИАС, како и тренерот Џемаил Идризи.…

повеќе...