„Охридска софра 2015“ во недела во Скребатно

Традиционалната туристичко промотивна манифестација „ Охридска софра“, што по трет пат ја организира општина Охрид, ќе се одржи во недела на 30-ти август, во манастирскиот комплекс „Пресвета Богородица“ во селото Скребатно. Целта на манифестацијата, со која симболично се означува крајот на главната туристичка сезона, е да ја промовира традиционалната охридска кујна со подготовка на локални специјалитети, меѓу кои посебно место има ѓомлезето и да ја збогати туристичката понуда. „Годинешното издание на „ Охридска софра“ ќе започне во 9 часот со почетокот на натпреварот во подготовка на ѓомлезето, на кој ќе…

повеќе...

„Охридска софра“ во недела во Скребатно

Во манастирскиот комплекс во селото Скребатно, во недела на 30 август, ќе се одржи традиционалната манифестацијата „Охридска софра“, која претставува промотивен настан на традиционални рецепти за подготовка на познатото охридско ѓомлезе и други видови специјалитети. „Охриска софра“ претставува одлична можност за промоција на туризмот во руралните средини и збогатување на туристичката понуда на градот Охрид. Манифестацијата ќе има натпреварувачки карактер и за таа цел обезбеден е награден фонд од 20.000 денари за трите најдобро подготвени ѓомлезиња при што наградата за првонаграденото ѓомлезе изнесува 10.000 денари, за второнаграденото 7.000, а за…

повеќе...

Се расчистува патот до Скребатно и дворот од Историски архив

Екипите на „Паркови и зеленило“ при ЈП „Охридски Комуналец“ го расчистуваат патниот правец с.Лескоец, кај Скребатско Маало до с.Скребатно. „Ангажирани се 4 работници кои ги отстрануваат гранките од дрвјата и жбунестата вегетација која го попречува нормалното движење на пешаците и возилата, а тревата се коси.“– информираат од претпријатието. Дворот од историскиот архив лоциран на ул.„Никола Карев“ хортикултурно се уредува од обраснатата трева, а крошните од дрвјата се уредени. Градскиот парк тековно се одржува со косење на тревните површини и поинтензивно наводнување заради високите температури, додаваат оттаму.

повеќе...