Општина: Водиме сметка за општите потреби на градот и потребите на граѓаните

Општина Охрид, испрати соопштение до медиимите, во кое стои: „Општина Охрид во реализација на било која Урбанистичко планска документација, вклучително и предметната локација која се спомнува во пресот на СДСМ – Охрид, се раководи исклучиво според постоечките и важечки законски прописи и регулативи кои произлегуваат од законите за просторно и урбанистичко планирање и законот за градба, а врз основа на согласностите и мислењата добиени од сите надлежни институции инволвирани во процесот на носење на еден урбанистички план. При тоа Општината води сметка за општите потреби на градот и потребите на граѓаните…

повеќе...

Бакрачески: Урбанизацијата во Охрид се врши според законските регулативи и прописи

„За сите урбанистички планови кои што се носат на ниво на општина Охрид има еден законски утврден тек односно регулатива. Донесувањата на Урбанистичките планови се во склад со важечките Закони за просторно планирање и градење кои што ние имаме обврска да ги почитуваме а кои што опфаќаат многу фази до нивното донесување во кои се вклучуваат голем број на институции во Република Македонија кои што даваат согласност“, одговори градоначалникот Никола Бакрачески на новинарско прашање по денешните обвинувања на опозиционите советници во градскиот Совет за наводната несразмерна урбанизација на Охрид. „Наша…

повеќе...

Бакрачески: Урбанизацијата бара сериозен пристап и навремено вклучување на експерти

Градоначалникот Никола Бакрачески, на новинарско прашање поврзано со синоќешната јавна расправа на тема „Дали зголемената урбанизација го уништува Охридското езеро“ одговори дека тоа што се случило вчера е еден не сериозен пристап за организација на јавна расправа кој има многу сериозна тема. „Во текот на вчерашниот ден се случи една многу не сериозна организација на настан на кој стана збор за многу сериозна тема каква што е урбанизацијата на Охрид. Ова го велам од причина што се организира настан во кој најповиканите луѓе за урбанизација на градот, почнувајќи од Секторот…

повеќе...