Доделено признанието „Најдобар млад научник“

Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски, денеска присуствуваше на доделување на признанието „Најдобар млад научник“. Ова признание за млади научници до 30 годишна возраст го доделува претседателот на државата Ѓорѓе Иванов. Целта на проектот кој се имплементира веќе 5 години е да се поттикне развојот на научната и истражувачка мисла кај младите научници од нашата земја. Годинешното признание „Најдобар млад научник“ го доби Даниел Денковски, магистер по електротехника и информациски технологии.

повеќе...

По петти пат избор на „Најдобар млад научник“ – поттик за младата научна и истражувачка мисла од претседателот Иванов

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, на почетокот на следната година по петти пат ќе го додели признанието „Најдобар млад научник”. Јавниот повик за избор на „Најдобар млад научник” за 2014 година е отворен до 31 декември за сите млади луѓе до 30 години, кои во досегашната научна работа имаат постигнато научни резултати што придонесуваат за позитивен развој на општеството и околината во која живеат и работат. Услов за конкурирање на заинтересираните е да имаат добиена меѓународна награда, меѓународно или домашно признание за научно-истражувачка дејност, резултатите од научното истражување…

повеќе...