Зголемен бројот на запишани студенти на додипломски студии на факултетите и високите стручни школи

Според податоците на Државниот завод за статистика, добиени врз основа на пристигнатите извештаи, во Република Македонија, во академската 2014/2015 година се запишани вкупно 59 359 студенти што претставува пораст за 2.8% во однос на академската 2013/2014година. Бројот на запишани студенти – жени изнесува 32 175 или 54.2%. Најголем број на студенти или 87.3% се запишани на државните високообразовни установи, додека 12.2 % се запишани на приватните високообразовни установи. Во прва година на студии, во академската 2014/2015 година, се запишани 18 942 студенти или 31.9% (тука се опфатени и студентите кои…

повеќе...

Зголемен бројот на дипломирани студенти на високите школи и факултетите

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2014 година, бројот на дипломирани студенти на додипломски студии на високите стручни школи и факултетите, во споредба со 2013 година, е зголемен за 4.0%. Од вкупниот број дипломирани студенти, 79.1% се редовни, а 20.9% се вонредни студенти. Процентот на дипломирани студенти-жени изнесува 55.9%. Од вкупниот број студенти, 41.3% дипломирале во рок, додека 58.7% дипломирале по рокот.

повеќе...

Педагошки факултети само на јавните универзитети, студентите што ќе се запишат ќе имаат стипендија

Педагошките факултети во иднина ќе се основаат само на јавните универзитети, сите факултети ќе имаат усогласени студиски програми и усогласени со Законот за наставници. Секој студент што ќе биде примен на педагошките факултети од следната 2015/2016 академска година ќе добива месечна стипендија по 50 отсто од просечна плата во РМ. Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми на отворената владина седница соопшти дека траењето на студиите ќе биде четири години или 240 кредити. Ќе има задолжителен приемен испит, право да се запишат ќе имаат сите матуранти со положена државна матура,…

повеќе...