Дизелот поскап за половина денар

Од ноќеска на полноќ дизелот поскапува за половина денар, а цените на бензините остануваат непроменети, информираат од Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на Еуродизел ќе изнесува 70,50 денари за литар. За половина денар се зголемува и цената на Екстра лесното масло за домаќинство кое ќе се продава за 59 денари за литар. Малопродажната цена на  ЕУРОСУПЕР БС-95 останува 82,50 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС одн 98 октани 84 денари за литар. Не се менува и цената на мазутот М-1 НС која изнесува 42,471 денар за килограм.

повеќе...

Цените на бензинот и дизелот поевтинуваат за 1 денар по литар

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ поевтинуваат за еден денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 82,5, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 за 84 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) ќе чини 70, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 58,5 денари за литар. Со одлуката на РКЕ за 0,541 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и сега ќе изнесува 42,464 денари за килограм. Како причина за намалување на малопродажната цена на нафтените деривати…

повеќе...

Бензинот и дизелот поевтинуваат

Од ноќеска на полноќ, бензините поевтинуваат за 1,50 денари, односно за 2 денари за литар, одлучи денес Регулаторната комисија за енергетика.   Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 83,50 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по 85 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛ се намалува за 1,50 денари и ќе чини 71 денар за литар.   Намалување за 1,50 денари има и кај Екстра лесното масло за домаќинство чија цена ќе изнесува 59,50 ден/лит. Малопродажната цена на мазутот се намалува за 0,598 ден/кг  и ќе изнесува 43,005 ден/кг.…

повеќе...

Поскапуваат бензинот и дизелот

Со оваа Одлука се врши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,87%, односно за 1,34% во однос на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно  Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија од 11.02.2013 година. Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-то дневен период изнесуваше 116,976 $/барел и е за 0,56% повисока од просечната цена на сурова нафта (116,324 $/барел) по која беа формирани тековните цени на нафтените деривати. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот 14-то дневен…

повеќе...

Повторно поскапување на нафтените деривати

Цените на горивата, од ноќеска на полноќ повторно се зголемуваат, бензинот за 2,5 денари, додека пак дизелот за половина денар, соопштуваат од Регулаторната комисија за енергетика. Цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 84,00 ден/лит, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 85,50 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ се зголемува за 0,50  ден/лит, и ќе  изнесува 71,50 ден/лит. Како што соопштуваат од РКЕ, малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за 0,50  ден/лит така што сега ќе  изнесува 60,50 ден/лит. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за…

повеќе...