Велики Понеделник

Велики Понеделник е првиот ден на Страстната седмица. Во него, Црквата се потсетува на последните денови на Христос во Ерусалим, неговото влегување во Храмот и растерувањето на трговците од него, оти тоа е место за молитва, а не пазар. Христос на Своите ученици во повеќе наврати им зборува за Своето страдење кое Му претстои, како и крајот на времињата и Страшниот Суд. На Велики Понеделник Црквата говори и за Неговата беседа во Храмот, за злобните лозари, како и проколнувањето на бесплодната смоква, која го претставува јудејскиот собор, (во кој Исус…

повеќе...

Денес е Цветници

Цветници познат уште и како Цветоносна недела и Врбица секогаш е една недела пред Велигден и се празнува во спомен на влегувањето на Исус Христос во Ерусалим, кога неговите ученици и симпатизери со цвеќе и врбови гранки, како и со својата облека му го постилале патот. Според тогашните закони учител можело да биде само лице што наполнило триесет години. Исус веќе четврта година го проповедал своето учење, а бидејќи за Пасха мноштво народ доаѓал во Ерусалим за да го прослави празникот и Исус по четврти пат доаѓал како учител. Но…

повеќе...

Денес е Лазарова Сабота

Лазарова сабота или Лазарици или Лазаровден — еден од поголемите христијански празници од пролетниот циклус којшто е променлив празник и секогаш се паѓа еден ден пред Цветници, кои се точно една недела пред најголемиот празник Велигден. На овој ден се споменува чудесното воскресение на четиридневно упокоениот Лазар извршено од Исус Христос. Овој настан бил на шест дена пред предавството и убиството на Христос на Голгота. На Лазарова сабота обичај е да се носат гранчиња од врба што симболично претставува свечено Христово влегување во Ерусалим, каде што го пречекале следбениците. Во…

повеќе...

Светиот Архангел Гавриил

Денес е празник посветен на Светиот Архангел Гавриил. Тој е благовесникот на воплотувањето на Синот Божји. Еден од големите седум ангели што претстојат пред престолот Божји. Му го јави на Захарија раѓањето на Св. Јован Предвесник и самиот за себе рече: „Јас сум Гавриил кој стојам пред Бога“ (Лука 1, 19). Неговото име, Гавриил, значи маж – Бог. Зборувајќи за Благовештение Светите отци толкуваат дека е испратен архангел со такво име што ќе означи кој и каков ќе биде Оној што ќе се роди од Пречистата Дева. Ќе биде значи…

повеќе...

Свето Благовештение – Благоец

Празникот Свето Благовештение, меѓу народот познат како Благовец, Благоец, Блошчојне и сл. се смета за тежок празник, некои дури го сметаат за голем празник како Велигден поради што се вели: „Благоец, прв Велигден“. Тогаш се оди на именден кај оние што имаат име Благоја, Блаже, Благојка, Благица и.т.н. Поради тоа што Благоец е благ ден тогаш, се верува дека и раната не боли па на малите деца им ги дупат ушите за обетки. Во Гевгелиско ушите ги дупеле рано наутро уште додека не јаделе за да не добијат краста… Со…

повеќе...

Спомен на чудото во Печерскиот манастир и Преподобен Јаков Исповедник

Спомен на чудото во Печерскиот манастир Двајца другари, Јован и Сергеј, се побратимија пред иконата на Пресвета Богородица во овој манастир. Јован беше богат човек и имаше петгодишен син Захарија. Јован се разболе и пред смртта својот син го предаде на старателство кај Сергеј, на кого што му остави на чување прилично количество злато и сребро, со тоа што да му биде врачено на Захарија кога ќе порасне. Но кога порасна Захарија, Сергеј одрече дека примил било што од умрениот Јован. Тогаш Захарија му побара да се заколне пред истата…

повеќе...

Свети Тома, патријарх Цариградски

Свети Тома, патријарх Цариградски Живееше во времето на царевите Маврикиј и Фока, кога патријархуваа Св. Јован Постник и Киријак. Св. Јован ја забележа неговата ревност и неговото големо благочестие и го возведе во чин на сакелариј (намесник) на Патријаршијата, а по смртта на Киријак го избраа за патријарх. Во негово време се случи еден необичен настан. Кога еднаш одеа во литија со крстови, крстовите почнаа сами од себе да се колебаат и да се удираат еден од друг. На ова се зачуди сиот народ. Кога патријархот дозна и се увери…

повеќе...

Свети Јаков, епископ и Исповедник

Свети Јаков, епископ и Исповедник Не се знае ни местото на неговото раѓање ни местото на неговото епископство. Се знае само дека ги исполнил Христовите заповеди, подвизувајќи се многу во пост и во молитва и дека во времето на Копроним претрпел големи беди од иконоборците: глад, затвор и секакво подбивање. Најпосле Му ја предал својата света душа на Бога, Кому верно Му послужил во овој живот. Живеел и страдал во 7 век.

повеќе...

Отслужена света литургија за празникот Недела на Света Марија Египетска

Денес, во Петтата недела од Великиот пост – Недела на преп. Марија Египетска, во храмот „Св. Никола Геракомија“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот Никола Христоски, свештениците Љупчо Симиџиески и Љупчо Бакрачески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа.

повеќе...

Преподобниот маченик Јован и другите со него

Денес е празник посветен на Преподобниот маченик Јован и другите со него. Тие се од обителта на Св. Сава Осветен кај Ерусалим. Овој славен манастир постои и денес. Повеќепати е напаѓан од дивите Арапи, но по Божја Промисла секогаш е обновуван и зачуван до денеска. Во времето на царувањето на Константин и Ирина Арапите го нападнаа и го ограбија. Монасите не сакаа да бегаат, а откако се посоветуваа со својот игумен Тома рекоа: „Ние побегнавме од светот во оваа пустина заради љубовта Христова. Срамота е да бегаме од пустината заради…

повеќе...