Од први јануари – Намалување на прагот за регистрација за ДДВ на 1.000.000 денари

Од 1 јануари 2015 година се намалува прагот за регистрација за цели на ДДВ на 1 милион денари, согласно измените на Законот за данокот на додадена вредност („Службен весник на РМ“, бр.130/14). Остварен промет над 1 милион денари во 2014 година Даночните обврзници кои во текот на 2014 година оствариле промет над 1 милион денари, должни се до 15 јануари 2015 година да поднесат Пријава за регистрација за данокот на додадена вредност (образец “ДДВ- 01“). Сите даночни обврзници кои во текот на месец Декември 2014 година ќе остварат промет над…

повеќе...

Ставрески: Повеќекратни придобивките од намалениот ДДВ за сточна храна

Конкурентно и рентабилно сточарство ќе биде клучната придобивка од најновата владина мерка за намалување на данокот на додадена вредност за добиточната храна, адитивите и живиот добиток од 18 на пет отсто. Како што рече вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески по денешната средба со претставници на земјоделците и компаниите од секторот сточарство, ефектите од намалувањето на ДДВ ќе бидат повеќекратни, пониски трошоци за производството на месо и млечни производи, намалување на сивата економија и зголемување на конкурентноста на фирмите преработувачи. „Се работи за долгогодишно барање на земјоделците кои беа…

повеќе...

Донесена одлуката за намалување на ДДВ кај бебешките производи, училишниот прибор

Владата донесе одлука за намалување на стапката на Данокот на додадена вредност (ДДВ) за бебешките производи, училишниот прибор, сточната храна и адитивите на сточна или добиточна храна и  жив добиток. Како што информира премиерот Никола Груевски на прес-конференција, Владата на денешната седница го прифати Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за ДДВ со кој се намалува стапката кај овие производи од 18 на пет отсто. „Новото законско решение се очекува да стапи на сила по формирање на новиот парламентарен состав и по изгласувањето на одлуката во Собранието што…

повеќе...

Од 1 јули 2013 година – задолжително користење на е-даноци за тримесечните ддв обврзници

Почнувајќи од 1 јули 2013 година, тримесечните ДДВ обврзници имаат законска обврска ДДВ-пријавите и даночните биланси за данокот на добивка да ги поднесуваат до УЈП по електронски пат преку системот е-Даноци (согласно Закон за даночна постапка „Службен весник на РМ“, бр.84 од 04.07.2012 година). Заради навремено усогласување со законските обврски и новините во даночното работење, им препорачуваме на обврзниците и сметководствените бироа да не го чекаат последниот рок и да преземат чекори за регистрација на системот е-Даноци https://etax-fl.ujp.gov.mk/  Што е потребно за регистрација и користење на е-Даноци? Дигитален сертификат на USB…

повеќе...