Социјалдемократскиот сојуз на Македонија е првата и засега единствена политичка партија што ја потпиша Декларацијата за остварување на медиумската слобода во Република Македонија. Овој документ вчера беше потпишан и од медиуми, невладини организации, поединци и други субјекти. „Сакаме да ја искажеме нашатa цврста определба за почитување и промовирање на принципиелни ставови во врска со медиумскиот сектор и потребата од негово реформирање, со крајна цел да се постигне посакуваната слобода на медиумите и правото на јавноста да биде информирана“ стои во Декларацијата. Ставовите во Декларацијата се групирани во четири сегменти: политичка…
повеќе...