Преподобен Данило Столпник и Преподобен Лука Столпник

Преподобен Данило Столпник Роден е во селото Витара кај градот Самосат во Месопотамија од христијански родители, Илија и Марта. Беше измолен од Бога од мајка му којашто беше бездетна и како син единец го посветија од малечок на служба на Бога. Во дванаесеттата година прими монашки чин, го посети Св. Симеон Столпник и го доби неговиот благослов. Желен за самотија, Данило го напушти манастирот и се повлече во еден запустен идолски храм на брегот на Црното Море. Овде претрпе безброј напади од демоните, но сите ги победи со трпението, молитвата…

повеќе...

Преподобна Ангелина и Св. Јован Деспот

Преподобна Ангелина и Св. Јован Деспот Ќерка на албанскиот кнез Ѓорѓи Скендербег и жена на српскиот деспот Стефан. Заедно со нејзиниот маж претрпе прогонство и секаква горчина делејќи со него во Албанија, Италија и Србија. Своите синови, Максим и Јован, ги воспита во вистински христијански дух. По смртта на нејзиниот маж се замонаши и сосема се посвети на молитвата, на милосрдието и на изградба и поправка на црковни храмови. Народот и сега ја нарекува мајка Ангелина, што произлегува од нејзиното совршенство како сопруга, мајка и христијанка. Нејзините чудотворни мошти почиваат…

повеќе...

Зачнувањето на Света Ана

Зачнувањето на Света Ана Праведните Јоаким и Ана беа бездетни цели педесет години од нивниот брачен живот. На старост им се јави архангелот Гавриил, секому посебно, и им рече дека молитвите им се услишени од Бога и дека ќе родат ќерка, Марија. Тогаш Св. Ана зачна од својот маж и по девет месеци роди ќерка благословена од Бога и од сите човечки колена, Пресветата Дева Марија Богородица (поопширно под 9 септември).

повеќе...

Честитка од градоначалникот Бакрачески по повод Денот на наставата на турски јазик

Градоначалникот Никола Бакрачески, по повод одбележувањето на 21 Декември- Денот на наставата на турски јазик, упати честитка до припадниците на турската етничка заедница, во која изразува увереност дека со употребата на мајчиниот јазик во образованието се придонесува во чувањето на идентитетот на народите. „Одбележувањето на Денот на наставата на турски јазик, е уште една можност да се потврди нашата определба за мирен и просперитетен соживот со турската етничка заедница во Охрид, чии граѓани сестрано придонесуваат за развој на општествената заедница. Воедно тие се и мост за продолжување на вековнта традиција…

повеќе...

И годинава Охрид украсен како од бајките

Најголемиот туристички центар во Македонија, Охрид е украсен и подготвен за дочек на Новата 2017 година. Градот блеска во новогодишен сјај. И годинава, бројни новогодишни реквизити го красат централното градско подрачје и периферните делови на градот. На Градскиот плоштад блеска и новогодишната елка која е во златна боја. Инаку, од денес на градскиот плоштад започна дванасетдневната предновогодишна програма, што ја организира општина Охрид. WebOhrid

повеќе...

Отслужена литургија за празникот Св.Николај Мирликиски Чудотворец

Денес на денот кога го прославуваме споменот на великиот равнител за верата и правилото на кротоста, светиот Николај Мирликиски Чудотворец, во храмот „Св. Никола Геракомија“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија. Со литургијата чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Партениј, протоерејот Никола Христоски, свештеникот Љупчо Симиџиески, еромонахот Доситеј, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати пред многубројниот верен народ со пригодна беседа. По Литургијата, во резиденцијата на Митрополитот Тимотеј, а по повод куќната слава на Митрополитот,…

повеќе...

Свети Николај Чудотворец, архиепископ Мирликиски

Денес е празник посветен на Свети Николај Чудотворец, архиепископ Мирликиски. Овој славен светител, когошто и денес го слават по сиот свет, им беше единец син на своите богати и угледни родители, Теофан и Нона, жители на градот Патара во Ликија. Бидејќи им беше син единец даруван од Бога, тие Му го посветија на Бога, принесувајќи Му така дар. Знаењето за духовниот живот Св. Николај го стекна преку својот чичко Николај, епископот Патарски, и се замонаши во манастирот „Новиот Сион“, основан од тој негов чичко. По смртта на родителите Николај им…

повеќе...

Свети Сава Осветен и Преподобен Нектариј Битолски

Денеска е Свети Сава Осветен и Преподобен Нектариј Битолски. Свети Сава Осветен Незначајното село Муталаск во Кападокија стана славно поради ова големо светило на Црквата. Овде Сава се роди од татко Јован и мајка Софија. Родителскиот дом го напушти кога имаше осум години и се замонаши во блиската обител наречена Флавијанова. После десет години премина во Палестинските манастири и таму најдолго се задржа во обителта на Светите Ефтимиј Велики (под 20 јануари) и Теоктист. Проѕорливиот Ефтимиј за него прорече дека ќе стане славен монах и наставник на монасите и дека…

повеќе...

Света литургија за празникот Св. Николај Мирликиски Чудотворец

На 19ти декември (понеделник) во црквата Св. Никола Геракомија – Варош – Охрид, со почеток во 8:45 часот ќе се служи Света архиерејска литургија, по повод празникот „Св. Николај Мирликиски Чудотворец“ на која ќе чиноначалстува Неговото Високопреосвештенство Митрополит Дебарско – кичевски г.Тимотеј. Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на учествување и заедничко прославување на овој празник.

повеќе...

Светата великомаченичка Варвара

Денес се слави празникот посветен на Светата великомаченичка Варвара. Таткото на оваа славна Христова следбеничка, којашто на млади години се вневести за Христа, се викаше Диоскор и беше познат според положбата и богатството во градот Илиопол Мисирски, а во верата беше незнабожец. Својата ќерка единица, мудра во умот и убава во ликот, Диоскор ја затвори во висока кула, ја опкружи со секакви удобности, ѝ даде слугинки да ја служат, ѝ постави идоли за поклонување, ѝ изгради бања со два прозорци. Гледајќи ги низ прозорецот земјата долу и ѕвезденото небо во…

повеќе...