Во Охрид ќе се одбележи 21 септември – Светски ден на мирот

Со Резолуција на Генералното собрание на ООН од 2001 година, 21ри Септември е прогласен за Светски ден на мирот. Резолуцијата ги обврзува сите земји и држави членки на ООН, редовно и секоја година, Денот на мирот да се одбележува со соодветни програми. Во организација на Општинската организација на СБ од НОАВМ 1941-1945 и грѓаните продолжувачи во општините Охрид и Дебрца и Локалната самоуправа на општина Охрид, утре (среда) овој историски ден во Охрид ќе се одбележи со Марш на Мирот под мотото „Да градиме блокови за мир”. Маршот ќе се одвива по „Кеј…

повеќе...

Свети Јован, архиепископ Новгородски

Свети Јован, архиепископ Новгородски Беше најпрво свештеник, а потоа, од 1162 година, епископ во Новгород. За време на својот живот изгради седум цркви. Имаше видение на Пресвета Богородица и необична сила над демоните, коишто дури ги принудуваше и да му служат. Чудесно го сочува Новгород од нападот на седумдесет и двајца кнезови. Страдаше од искушенијата ѓаволски, но со силата на крстот и молитвата сите ги совлада. На старост се повлече во манастир, прими схима и мирно се упокои во Господ на 7 септември, 1185 година.

повеќе...

Спомен на чудата на Св. Архангел Михаил

Спомен на чудата на Св. Архангел Михаил Во Фригија имаше едно место наречено Хони („нурнување“) недалеку од Ерапол; и на тоа место извор со чудотворна вода. Кога Светиот апостол Јован Богослов со Филип го проповедаше Евангелието во Ерапол, тој погледна на она место и прорече дека таму ќе се отвори извор на чудотворна вода од која многумина ќе добијат исцеление и дека тоа место ќе го посети великиот Божји Архистратиг Михаил. Наскоро потоа ова пророштво се исполни, се отвори извор којшто заради својата чудесна сила се прочу на сите страни.…

повеќе...

Преподобен Давид

Преподобен Давид Беше разбојнички водач околу Хермопол во Мисир и дури на постари години си дојде на себеси, се покаја и се замонаши. Нему му се јави Светиот Архангел Гавриил, којшто му даде сила на чудотворство. Се упокои мирно во 6 век, откако со голем подвиг се удостои со Царството Божјо.

повеќе...

Светиот пророк Захарија и праведна Елисавета

Денес е празник посветен на Светиот пророк Захарија и праведна Елисавета. Таткото на Свети Јован Предвесник. Син Варахиин, од родот на Авиј, кој ја држеше осмата чреда на богослужење во храмот ерусалимски. Жена му беше Елисавета, ќерка на Совија, сестрата на Света Ана, мајката на Пресвета Богородица. Во времето на царот Ирод, детеубиецот, еден ден Захарија служеше според својата чреда во ерусалимскиот храм. И во олтарот му се јави ангел Божји, од когошто Захарија се уплаши. А ангелот му рече: „Не плаши се, Захарија“ (Лука 1). И му објави ангелот…

повеќе...

Светиот пророк Мојсеј Боговидец

Светиот пророк Мојсеј Боговидец Голем водач и законодавец на народот Израилски. Роден е во Египет околу 1550 година пред Христа. Четириесет години живееше во Египет на дворецот на Фараонот; четириесет години живееше како пастир во созерцание на Бога и на светот; а последните четириесет години го водеше народот низ пустината во Ветената Земја, којашто ја виде, но не влезе во неа, бидејќи во едно Му згреши на Бога (4 Мојсеева 20, 12). Се упокои во сто и дваесеттата година од својот живот. Како чудотворец, според зборовите на Свети Василиј Велики,…

повеќе...

Светиот свештеномаченик Вавила

Светиот свештеномаченик Вавила Овој голем и прекрасен човек, ако може да биде наречен човек, како што се изразува Свети Јован Златоуст за него, беше архиереј во Антиохија во времето на скверниот цар Нумеријан. Нумеријан заклучил мир со некој варварски цар којшто бил многу поблагороден и помирољубив од самиот Нумеријан. Во знак на својата искрена желба за траен мир, варварскиот цар го даде своето помало синче на дворецот кај царот Нумеријан за да се воспитува таму. Еден ден Нумеријан со свои раце го закла тоа невино детенце и им го принесе…

повеќе...

Светата маченичка Василиса

Светата маченичка Василиса Деветгодишно девојченце. Пострада во Никомидија недолго после смртта на Свети Антим. Мачителите ѝ го прекрија со рани целото тело, но таа Му остана верна на Христа. Бог ја зачува во огнот и пред ѕверовите неповредена. Нејзиниот мачител Александар откако го виде тоа се покаја и ја прими верата Христова. Василиса излезе во полето, падна на колена да Му се помоли на Бога и да Му заблагодари за претрпените маки и го предаде духот свој на Господа околу 309 година.

повеќе...

Свети Елеазар

Свети Елеазар Син на Арон, втор по ред Израелски првосвештеник. Помошник на Мојсеј при пребројувањето на Израилскиот народ и помошник на Исус Навин при поделбата на земјата ветена на дванаесетте колена. Верно го чуваше ковчегот на заветот во Силом. Се упокои мирно.

повеќе...

Свети Јован Постник, патријарх Цариградски

Свети Јован Постник, патријарх Цариградски Се празнува и на 30-ти август. Најпрво беше златар, па по Божја Промисла, а заради својата голема добродетелност беше посветен за свештеник. Како млад Свети Јован еднаш одеше со некој стар монах, Евсевиј, од Палестина. Одеднаш му дојде глас на Евсевиј од некого невидлив: „Авво, не оди од десната страна на великиот Јован!“ Вака гласот Божји ја навестуваше велката служба на којашто Јован наскоро требаше да биде повикан. После блажениот Евтихиј, Јован беше избран за патријарх Цариградски. Никако не сакаше да прими, но беше застрашен…

повеќе...