Свети Кирил, архиепископ Александриски

Денес е празник посветен на Свети Кирил, архиепископ Александриски. По потекло благородник и близок роднина на Теофил, патријархот Александриски, по чијашто смрт самиот беше посветен за патријарх. За време на својот живот водеше три лути борби: со еретиците новацијани, со еретикот Несториј и со Евреите во Александрија. Новацијаните настанаа во Рим, а така се наречени по презвитерот Новацијан, нивниот ересоначалник. Се гордееја со својата добродетел, одеа облечени во бела облека, им забрануваа на другите брак и сметаа дека никој не треба да се моли за оние што извршиле смртен грев…

повеќе...

Слегување на Духот Свети – Духовден (Трет ден)

Овој празник се смета за роденден на Христовата црква. Имено, пред вознесението Христос им порача на апостолите да останат во Ерусалим и да го чекаат слегувањето на Духот-Утешител. На десеттиот ден од Христовото вознесение, на еврејскиот празник Педесетница, Светиот Дух слезе врз апостолите во вид на пламени јазици, а овие се исполнија со сила и добија дар да зборуваат на разни јазици. Тоа е конкретниот настан. Но, за црквата овој настан има посебно значење затоа што Светиот Дух од тоа време па се до денес не ја напушта црквата. Духот…

повеќе...

Ќе се одбележи 21-ви јуни Денот на Охридското Езеро

Утре со почеток во 11 часот во Градскиот парк во Охрид Локалната самоуправа ќе го одбележи 21ви јуни Денот на Охридското Езеро. Во рамки на настанот предвидена е презентација на нуркачка опрема, опрема за спасување на води и планини, а ќе биде поставена и изложба на фотографии со мотиви од Охрид и охридскиот регион. Случувањето ќе биде завршено со културно- уметничка програма и свечен завет за зачувување на Охридското Езеро.

повеќе...

Слегување на Св. Дух – Духовден (Втор ден)

Духовден е христијански празник посветен на слегувањето на Светиот Дух врз апостолите и формирањето на Црквата. На овој ден се исполнило Христовото ветување за доаѓањето на Светиот Дух (Духот на Вистината, Утешителот, Силата одозгора, ветувањето на Таткото) што Христос им го даде заповедувајќи им на апостолите да не се одалечуваат од Ерусалим додека тоа не се случи. На овој ден Христовите апостоли беа облечени со силата на Светиот Дух и комплетно оспособени да бидат Христовото тело на Земјата. На овој ден апостолите, од здружение на граѓани, откако го примија Светиот…

повеќе...

Слегување на Светиот Дух – Духовден (Св. Троица)

Празник на Светиот дух и на основањето на Христијанската црква. Празникот Духовден спаѓа меѓу големите Господови празници. Меѓу народот е познат со повеќе имиња, како Дуовден, Доедни, Свети Дух, Света Тројца, Педестница и.т.н. Се празнува десет дена по Спасовден (Вознесение Христово), а педесет дена по Велигден (Воскресение Христово). Се вика и Педесетница не само затоа што се празнува педесет дена по Велигден туку и затоа што настанот се случил точно на еврејскиот празник Педесетница што Евреите го празнувале во спомен на денот кога Господ му ги дал на Мојсие законите…

повеќе...

Задушница

Задушници се деновите во кои според народните верувања душите на покојните претци и блиски доаѓаат од оној свет кај своите блиски барајќи од нив храна, пијалак, затоплување, чистење (капење) итн. Се верувало дека заборавањето на душите на покојните може да предизвика суши, поплави, немаштија, болести и други несреќи. Во православната црква, празникот Задушница секогаш паѓа во сабота. Тогаш, верниците ги посетуваат гробовите на своите најблиски, таму држат помен и делат храна за душа на умрените. Притоа, во секоја црква се служи литургија за упокоените. Инаку, во црквата постојат два вида…

повеќе...

Свети Митрофан, првиот патријарх Цариградски

Свети Митрофан, првиот патријарх Цариградски Неговиот татко Дометиј, брат на римскиот цар Пров, побегна од Рим како христијанин и дојде во Византија. Византискиот епископ Тит го посвети за презвитер. По смртта на Тит Дометиј стана епископ Византиски. По смртта на Дометиј, епископскиот престол го зазеде неговиот постар син Пров, а по кончанието на овој, престолот епископски го зазеде Митрофан. Кога царот Константин првпат го виде Митрофан, го засака како татко. Во времето на Првиот Вселенски Собор Митрофан беше веќе старец на сто и седумнаесет години, па не можејќи самиот да…

повеќе...

Светиот свештеномаченик Лукијан

Светиот свештеномаченик Лукијан Римјанин, познат по своето благородничко потекло, по богатството и ученоста. Некое време бил ученик на Светиот апостол Петар. Подоцна папата Климент го испрати заедно со Дионисиј Ареопагит во Галија, за проповед на Евангелието, откако претходно го ракоположи за епископ. Лукијан многу ревносно ја сееше Христовата наука најпрво ширум Галија, а потоа и во Белгија. Кога злобниот цар Доментијан почна да ги прогонува христијаните, од Рим во Галија беше испратена специјална потера за да ги побара и да ги испофаќа христијанските мисионери. Тие прво го фатија и го…

повеќе...

Светиот свештеномаченик Еразмо Охридски

Денес е празник посветен на Светиот свештеномаченик Еразмо Охридски. Овој светител беше родум од Антиохија и живееше во времето на царевите Диоклецијан и Максимијан. Се подвизувше крепко на Ливанската Гора и имаше од Бога голем дар на чудотворство. Како архиереј тргна да го проповеда Евангелието. Кога дојде во Охрид, Еразмо го воскресна синот на некој човек по име Анастас и го крсти овој човек. Во таа прилика крсти и мнозина други незнабошци и ги разори идолските жртвеници во Охрид. За ова беше обвинет кај царот Максимијан, којшто во тоа време…

повеќе...

Верниците масовно се упатуваат кон манастирот Св.Еразмо Охридски

По повод празникот посветен на Светиот свештеномаченик Еразмо Охридски вечерва во манастирот Св.Еразмо Охрид се служеше празнична вечерна богослужба, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Илјадници верници палеа свеќи и се молеа за здравје, среќа и благосостојба. Света архиерејска литургија, по повод празникот ќе се служи и утре, со почеток во 9:00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Вископреосвештенство митрополитот Дебарско – кичевски г.Тимотеј. Овој манастир посветен на антиохискиот архиепископ Еразмо, се наоѓа на околу три километри од Охрид, во карпите, десно од патот што води од Охрид кон…

повеќе...