Со дневни температури од околу 30 Целзиусови степени и температура на езерската вода од 22 степени, Охрид викендов пулсира како среде туристичка сезона. Убавото и топло време ги наполни плажите, а навечер полни се шеталиштата и летните бавчи во градот. Центарот за јавно здравје информира дека температурата на водата во Охридското Езеро е натпросечна за овој период од годината. Најголемиот број од гостите се од земјава, но на паркинг местата можат да се забележат голем број возила и автобуси со регистерски таблички од земјите од соседството. Има и голем број…
повеќе...Tag: гости
Вкусете ја најдобрата храна: „Кај Мече“
Две години хит на охридската ривиера гостилница „Мече“. Место за уживање, скара за гурмани, тераса со рајски панорамски поглед кон Свети Наум и кон западното крајбрежје! Дојдете да се почувствувате господски со вниманието на персоналот на „Мече“! Порачајте и вкусете нешто деликатесно од кујната на врвните мајстори на национални и роднокрајни јадења! Бидете добредојдени! Организирајте ручек со семејството или со пријателите и забележете уште еден незаборав крај Охридското Езеро, во населбата Долно Коњско на само 200 метри пред хотелите Метропол и Белви! WebOhrid
повеќе...Ученици и професори од Белгија во посета на ОУТУ „Ванчо Питошески“
Во рамките на соработката со туристичката агенција „Ohrid Holidays“ во двонеделна посета на ОУТУ „Ванчо Питошески“ беа професори и ученици од Белгија. На самото пристигнување преку културно-уметничка програма на гостите им беше презентирано училиштето, а потоа градот Охрид и Македонија. За време на посетата учениците се запознаа како се одвива теоретската и практичната наставата во училиштето, заедно подготвуваа специјалитети од трациционалните кујни и ги послужуваа, при што си разменија непроценливи вештини, знаења и драгоцено искуство преку корелација на образовните профили: келнер, готвач, угостителски техничар, угостителски техничар за рурален туризам и…
повеќе...Првите туристи од Бенелукс утре ќе пристигнат во Охрид
Проценките на „Корендон“ и на „ТУИ Аркетравел“ се дека во текот на летната сезона 2015 на охридската ривиера и во Македонија ќе летуваат некаде околу 25 илјади туристи од Холандија, Белгија и од Луксембург. Со чартер-лет од Амстердам утре на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ треба да пристигне првата група туристи од државите на Бенелукс, кои летниот одмор ќе го минат на охридската ривиера. Станува збор за туристи што ќе летуваат преку аранжманите што ги нуди туроператорот „Корендон“, заедно со нивниот македонски партнер „Фибула травел“. Според најавите на домашните агенции,…
повеќе...Со туристичките берзи ќе се организира пречекот на гостите во Охрид
Имајќи ги во предвид претходно утврдените недостатоци во однос на нелегалното нудење на услуги за сместување во капацитети од мал обем, и оддавањето на лоша слика на градот на повеќе локации, Локалната власт во Програмата за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид за 2014 година предвиде изработка и поставување на типизирани штандови, кои ќе ја имаат функцијата на туристички берзи. Деновиве прва ваква туристичка берза е поставена на локација кај автобуската станица каде регистрираните приватни станоиздавачи ќе имаат можност да ги нудат своите сместувачки капацитети на организиран и…
повеќе...